Фан Клуб: Победа - Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата sonne
  • Време на започнување Време на започнување
а бе само да се врати ПОБЕДА на старите патеки...па кој сака нека ја води...ние и онака че му караме ко че губа и че му штракаме ко че победуваа, како и шо беше уште Тони Наумоски ко играше. Само се надевам дека појче на штракајне че оди работава :)

СЕ ТЕЧЕ, СЕ СЕ МЕНУВА, САМО ПОБЕДА ОСТАНУВА!!!
 
НЕКА НИ Е СРЕЌНА НОВАТА ГОДИНА, клубот да се врати на старите патеки и повторно да биде број 1 во македонија!
 
Ајдеееееееее Победооооооооооооооооооооо...

Теренот катастрофа а беше најдобро нешто, сега само крв, солзи горчина во душа, нешто што ме стега во грло, а ѕидчето еј не можев да се качам а сакав, Отидов пијан да се прекачам ноќе црна темница сега можам тогаш дете бев. Што правам си викам овде сега ако ме види неко јсамо клекнав и се потпрев со грбот на него. Ноќе гледам тука се контејнерите со медицински отпад, оградени се со ограда сега. А баравме во нив не знам што тешка некоја заразна болест да добиеме. Баравме метални делови беа од некоја опрема беше за да ги наполниме со фосфор од кибрит за петарди самонаправени....
Оди длабока горчина за ѕидчето кое што сеуште е тука од кое се влегува во стадуион а и за луѓето кои што ги нема, детсјка радост за лифтот болнички окупиран од нас и возење се додека не не забркаат стражарите . И одат бранови од публика гужва и се следи внимателно кога тој ќе стане до тебе а ти по него. Шеќерното јаболко од кај Мечо....
 
2-1 денеска со Охрид, првото полувреме го гледав (1-0), ме изненади играва, посебно во нападо, солидна екипа, очекував послаба игра ама добри си се дечкиве, ајде само за победи да пишуваме полусезонава...(y)(y)(y)(y)(y)
 
Шо се случува моментало има некој информација? Се смени управа нешто?
Разбрав почнале да тренираат од вчера.Бивш фудбалер на Победа кој станал човек токму поради таа Победа вложил некој денар.Има вистина нешто?
 
За нерешеново со Скопје некој да пиши, како... шо...


Нема шо да се пиши, многу слаба игра од двете страни на прсти се броеа ударите во голот на цела утакмица, единствено Мегленски имаше добар удар од слободен при крајо и то е то отприлика.
Скопје заврши со играч помалку, Победа со двајца.
Следен натпревар дома е со Миравци, претходно со Локомотива на гости.
 
Јас сум малце далеку и незнам како сто работите... има некоја надеж за новава сезона да се избори 1 лига или ко лани че биди? и дали се зборува нешто за стадионо ко шо се ветуваше пред изборите???
 
Јас сум малце далеку и незнам како сто работите... има некоја надеж за новава сезона да се избори 1 лига или ко лани че биди? и дали се зборува нешто за стадионо ко шо се ветуваше пред изборите???

Па, за стадионо ја симнавме сите анимацијата и се молиме пред незе секој ден. Лаги со бради според мене. Треба ова шо го имаме да се одржува, да се обезбедат подобри услови за работа. А за оваа сезона ко шо знам за опстанок че си се бориме.
 
st44jnpat
 
во годините на криза на прилапскиот фудбал, само да одбележиме дека в сабота од 16 и 30 ч. се игра градското дерби меѓу победа и 11 октомври.
во исчекување на долгонајавуваните спонзори, добро е во барем во 2 лига имаме 2 екипи и во нив 90 % се наши, прилепски деца и можи да се направи една добра основа за јак тим кој би бил во средината во 1 лига и еден тим кој би бил во средината во 2 лига.
очекувам добра посетеност на стадионот и потсетување на старите добри времиња.
 
11 октомври-победа 0:1
посетата беше одлична, сигурно имаше преку 2000 гледачи шо укажува на то дека прилеп го сака фудбалот. доколку победа почни да се враќа на старите патеки, трибините крца че бидат.
се ближи крајот на кризата-ПРИЛЕП ПАК ЌЕ БИДИ НАЈФУДБАЛСКИОТ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА!!!
 
Ќе биди најфудбалски град доколку имаат финансии и се засилат со квалитетни засилувања со кои што ќе можат да атакуваат и кон прва лига.

Со овие играчи, би бил пресреќен доколку и се спасат од отпаѓање во 3та лига, затоа што на утакмица од 90 минути одвај прават по 3-4 (полу)шанси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom