Ете сум го заборајл Бацката

Шо се однесва до мене, треба прва да игра тој заедно со Рики средина, Бацката нешто како последен играч пред одбрана Рики понапред.
Кај Љамче цело време беше прва постава, е сега кај Шенсои кузнај дали ќе се наметни во неговите мисли

После тој голот шо го даде со Ренова во купот 3:1 кога изгубивме, а даде гол од слободен од преку 30 метри од тогаш не заигра повеќе, мислам беше повреден, највероватно и сеуште е повреден претпоставувам зошто не беше ниту во резерви.
П.С. Овај Денковски во Косово потпишал


Го најавуваја како талент, играше во Холандија, на проба беше и во Ајакс на крај, следен трансфер во Академија Пандев ќе му биди
Најбитно сега за нас е, да се погодат новите играчи шо ќе ги донесат, пред се голманот и напаѓачот потребни ни се и тоа како !
Инаку нешто пред сезоната уште да почни мислам пишеја за Ацо Стојков од Вардар, овај за во наша лига е и повеќе од солиден играч, сега само шо нема изиграно подолг период и не е во форма, а мислам Вардар го ослободва од обврските сега на зима, па можиме без оштета да го лапниме.