Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Во некој весник или на телевизија слушнав дека во Купо на УЕФА че играте во Прилеп. Стварно то?

Не е точно. Ние и Ренова добивме лиценца од УЕФА за настап во нивните купови. И стадионот ќе се доопремува, но и во моментов ги исполнува стандардите на УЕФА за европските купови.
 
Илјадници битолчани го славеа пласманот на Пелистер во УЕФА
Битола
Вечерва, сабота на плоштадот Гоце Делчев во Битола се собраа илјадници битолчани заедно да го прослават најголемиот успех на Пелистер, пласманот во УЕФА купот, најмасовното европско натпреварување во клубски фудбал.
На прославата на плоштад битолчани ги забавуваа Влатко, Бојана, Ева и Роберт, а на присутните им се обрати и градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Во публиката беа и министерот за информатичка дејност Иво Ивановски и кандидати за пратеници од Битола.
Градоначалникот Талески поздравувајќи ги сите присутни, најголема благодарност им упати на фудбалерите и луѓето кои го водат Пелистер и рече дека Битола веќе влезе во Европа, со пласманот на Пелистер во УЕФА.
374483e714d_fb6f9928_0c6b_497d_a520_a053d4b9f8a6.jpg

Фудбалерите на Пелистер водно возбудени од се што се случи вечерва едвај успеваа да се поздрават со сите кои сакаа да им го честитаат големиот успех. Капитенот на Пелистер Миле Димов вели:
-Сите ние ја заслуживме оваа чест која ни е дадена бидејќи кога ќе се сетам низ што се поминавме пред три години ми се ежи кожата. Сега е лесно да си фудбалер на Пелистер со ваква публика, со ваква Управа, со ваков градоначалник.
Посакувам вака да се радуваме и по првото коло, по пласман и во второто коло од УЕФА. Присутните покрај забавата уживаа во јадењето на скара и пијалоците на Скопска пивара, а убавото расположение траеше до доцна во ноќта.
367e27dfca9_738ba25b_b503_4837_87a0_df2aa1455fb6.jpg

Сите присутни и сите битолчани од страна на пелистерци добија отворена покана за присуство на неделниот натпревар под Тумбекафе против екипата на Напредок од Кичево.
Сите фудбалери се оптимисти и со победа сакаат да се простат од битолската публика и навивачката група Чкембари која им даваше голема подршка на сите средби во Битола и на поважните гостувања​
 
:bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo::bravo:

Секоја чест браво вакво нешто до сега немам сретнато во Македонија и е за пофалба.:salut:
 
Не е точно. Ние и Ренова добивме лиценца од УЕФА за настап во нивните купови. И стадионот ќе се доопремува, но и во моментов ги исполнува стандардите на УЕФА за европските купови.

Во Време пишуваше еднаш, ама изгледа се збуниле нешто...

И да, со среќа во УЕФА:)
 
ne mi e jasno neli treba da igrate kvalifikacii za uefa?
 
Оваа година пелистер беше супериорен.Честитки за купот на уефа и да одите шо понатаму и уште појако навивање!
 
на стадионот под Тумбе Кафе, Пелистер го совлада Напредок со 1:0. Ова беше последен натпревар пред битолската верна публика во оваа сезона. Погледнете ги сликите од натпреварoт.
 
cestitki i da stigneto sto podaleku vo evropa ...
 
Дневник напиша:
Пелистер во Купот УЕФА ќе игра во Прилеп
Битолскиот фудбалски клуб Пелистер постигна договор со Победа натпреварите во квалификациите во Купот УЕФА летово да ги игра на стадионот во Прилеп. Битолчаните се принудени на ваков потег поради состојбата во која се наоѓа нивниот стадион „Тумбе Кафе“, кој не ги исполнува критериумите на европската фудбалска асоцијација. Стадионот „Гоце Делчев“ со мали корекции ќе може да биде подготвен за натпреварите кои на програмата се на 17 и 31 јули. Според тоа, иако Победа по десет години не избори излез во Европа, прилепските љубители на фудбалот ќе можат пак да проследат меѓународен фудбалски натпревар, на соседскиот ривал Пелистер.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B915FAE168ECC9409B949A011AE58F24

Нејчам да сум досаден, ама ова пишува во денешнио Дневник. Па, некој информација од прва рака од Битола, точно е или не?
 
Како битолчанец и чкембар, подршка за мојот Пелистер!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom