- Член од
- 5 април 2008
- Мислења
- 1.237
- Поени од реакции
- 14
- Возраст
- 39
чкембари бевте ли во ск?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во некој весник или на телевизија слушнав дека во Купо на УЕФА че играте во Прилеп. Стварно то?
НЕ.Иначе Блажевски нереализира пенал во 40 мин. УПМ можевме и да тепаме али то е.КУП на УЕФАчкембари бевте ли во ск?
Илјадници битолчани го славеа пласманот на Пелистер во УЕФА
Битола
Вечерва, сабота на плоштадот Гоце Делчев во Битола се собраа илјадници битолчани заедно да го прослават најголемиот успех на Пелистер, пласманот во УЕФА купот, најмасовното европско натпреварување во клубски фудбал.
На прославата на плоштад битолчани ги забавуваа Влатко, Бојана, Ева и Роберт, а на присутните им се обрати и градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Во публиката беа и министерот за информатичка дејност Иво Ивановски и кандидати за пратеници од Битола.
Градоначалникот Талески поздравувајќи ги сите присутни, најголема благодарност им упати на фудбалерите и луѓето кои го водат Пелистер и рече дека Битола веќе влезе во Европа, со пласманот на Пелистер во УЕФА.
![]()
Фудбалерите на Пелистер водно возбудени од се што се случи вечерва едвај успеваа да се поздрават со сите кои сакаа да им го честитаат големиот успех. Капитенот на Пелистер Миле Димов вели:
-Сите ние ја заслуживме оваа чест која ни е дадена бидејќи кога ќе се сетам низ што се поминавме пред три години ми се ежи кожата. Сега е лесно да си фудбалер на Пелистер со ваква публика, со ваква Управа, со ваков градоначалник.
Посакувам вака да се радуваме и по првото коло, по пласман и во второто коло од УЕФА. Присутните покрај забавата уживаа во јадењето на скара и пијалоците на Скопска пивара, а убавото расположение траеше до доцна во ноќта.
![]()
Сите присутни и сите битолчани од страна на пелистерци добија отворена покана за присуство на неделниот натпревар под Тумбекафе против екипата на Напредок од Кичево.
Сите фудбалери се оптимисти и со победа сакаат да се простат од битолската публика и навивачката група Чкембари која им даваше голема подршка на сите средби во Битола и на поважните гостувања
Не е точно. Ние и Ренова добивме лиценца од УЕФА за настап во нивните купови. И стадионот ќе се доопремува, но и во моментов ги исполнува стандардите на УЕФА за европските купови.
Дневник напиша:Пелистер во Купот УЕФА ќе игра во Прилеп
Битолскиот фудбалски клуб Пелистер постигна договор со Победа натпреварите во квалификациите во Купот УЕФА летово да ги игра на стадионот во Прилеп. Битолчаните се принудени на ваков потег поради состојбата во која се наоѓа нивниот стадион „Тумбе Кафе“, кој не ги исполнува критериумите на европската фудбалска асоцијација. Стадионот „Гоце Делчев“ со мали корекции ќе може да биде подготвен за натпреварите кои на програмата се на 17 и 31 јули. Според тоа, иако Победа по десет години не избори излез во Европа, прилепските љубители на фудбалот ќе можат пак да проследат меѓународен фудбалски натпревар, на соседскиот ривал Пелистер.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B915FAE168ECC9409B949A011AE58F24