Ете видиш немало 6000 него 8000 :bilokojzbor:
УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛСКИ ПРАЗНИК ВО БИТОЛА, СО ТРИУМФОТ НАД МИЛАНО, СЕ ЧИНИ, ПЕЛИСТЕР ЈА "ЗАВЕРИ" ЕВРО - ВИЗАТА
Блескаво дерби, фантастичен Пелистер
*Блескаво дерби пред 8.000 гледачи под "Тумбе кафе", голем триумф на Пелистер, кој со овие три бода се чини дека и дефинитивно ова лето ќе игра во фудбалска Европа. Момировски фантастичен, стрелец на два гола, а Степановски утна пенал
ПЕЛИСТЕР - МИЛАНО 3:2 (2:1)
ПЕЛИСТЕР
Ников 3
Ристевски 3
Петковски 2,5
Тодоровски 3
Степановски 2,5
Димов 2,5
Пресилски 3
Блажевски 2,5
(88' Крстевски/)
Питошка 2,5
(70' Ивановски 2,5)
Момировски 3,5
(73' Симоновски 2,5)
Елмазовски 2,5
МИЛАНО
2 Маџоски
2 Илиевски
2 Лазаревски
2 Ристов
2 Јовановски
2 Брандо
(88' Тодевски /)
2 Алими
2 Гаши
2 Аломеровиќ
(2 Алиу 61')
2 Стојановиќ
(/Јусуфи 84')
2 Кукаи
Стадион под "Тумбе кафе" во Битола. Гледачи: 8.000. Судија: Александар Ставрев; помошници: Сафет Адеми и Тони Стојановски, сите од Скопје. Делегат: Фатмир Зиба (Струга).
Стрелци: Тодоровски 2', Момировски 25', 51', (П); Стојановиќ 4', Илиевски 90' (М). Жолти картони: Симоновски (П); Ристов (М).
Играч на натпреварот: Игор Момировски
ПЕЛИСТЕР - МИЛАНО
4 корнери 4
10/7 удари/во 6/5
15 прекршоци 11
1 офсајди 2
1 ж. картони 1
1/0 пенали 0
Минута по минута.....
1:0 -2' - По одличниот изведен корнер на Момировски најприсебен во мешаницата беше Гоце Тодоровски, кој прецизно пласираше во голот.
1:1 -4' - Одлично проигрување до Стојановиќ во шеснаесетникот и уште подобар удар од негова страна
10' - Блажевски се обидува од далечина, но топката завршува покрај голот
11' - Центаршут на Момировски од левата страна, Питошка од 5-6 метри со глава упати удар над голот
2:1 - 25' - Момировски го постигнува својот прв гол по одличната акција на "пелистерци".
33' - Обид на Гаши од далечина, но голманот на Пелистер Ников брани.
37' - Нов обид на стрелецот на првиот гол Тодоровски од 16 метри, но ударот завршува покрај голот
49' - Ристов шутира во голот на Пелистер, но Ников повторно е на место.
53' - По слободниот удар Елмазовски од 18 метри силно шутира, но голманот на Милано, Маџовски, успева да одбрани
3:1 - 55' - Момировски ја започнува акцијата од центарот на Пелистер, додава по левата страна на Кире Ристевски, кој одлично центрира, а Момировски со глава пласира во мрежата на Милано.
58' - Момировски сам во шеснаесетникот, но од 6-7 метри не успева да погоди.
60' - Момировски додава по левата страна на Блажевски, кој е соборен во шеснаесетникот а судијата оправдано досудува пенал.
61' - Стефановски од белата точка шутира во левиот горен агол на Маџоски, но тој успева топката да ја исфрли во корнер.
67' - Гаши од работ на шеснаесетникот силно шутира, но повторно младиот голман на Пелистер Ников успева да одбрани
70' - И Сашо Лазаревски се обидува од далечина, но само покрај голот на Пелистер.
82' - Напад на Милано а на крајот Стојановиќ со глава упати удар крај голот.
3:2- 90' - Милан Илиевски по одлично изведениот корнер од левата страна го постигнува вториот гол за Милано и конечниот резултат.
Во одличен фудбалско-спортски амбиент под "Тумбе кафе" во Битола се одигра дерби натпреварот меѓу Пелистер и Милано во кој битолчани сосема заслужено победија со 3:2, а осумилјадната публика задоволна си замина од стадионот бидејќи покрај тоа што уживаше во амбиентот уживаше и гледајќи 5 гола, утнат пенал и многу многу шанси.
Со овие три бода, со оваа голема победа и, конечно, со овие три бода се чини дека Пелистер и дефинитивно ја "завери" Евро - визата. Впрочем, тоа фудбалска Битола и го заслужува.
Стартот беше жесток, за само четири минути два гола "паднаа" на дербито. Домашните фудбалери уште во 2 минута поведоа преку Тодоровски, а само по две минути гостите од Куманово израмнија преку Стојановиќ и повторно се тргна од нула. Иницијативата на Пелистер донесе ново водство во 25. минута кога одличниот Момировски по добрите асистенции се запиша и во листата на стрелци со неговиот прв гол на овој натпревар.
Во второто полувреме Пелистер поведе со 3:1 во 55. минута а само пет минути подоцна во таа 60-та минута можеше да се случи и катастрофа на Милано во Битола. Виновник за тоа што, сепак, куманоци се спасија е домашниот стопер Менде Степановски, кој не успеа од белата точка да го совлада Маџовски и на неговиот тим да му донесе водство од 4:1. Потоа Милано како да запна повеќе со цел да спаси нешто што не можеше да се спасува. Но му успеа само поразот да го намали и да го направи помалку болен. Имено, во самиот финиш во 90. минута Милан Илиевски намали на 3:2.
Сите присутни во Битола можеа да уживаат како ретко до сега во една целосна претстава каде што покрај фудбалот можеа да проследат и други содржини, односно со еден збор Пелистер почна да работи како европски клуб.
С. Ристевски
Пеналот награда за синот на Степановски
Фудбалерите на Пелистер се договорија ударот од белата точка да го изведе Менде Степановски, кој претходно доби син, но, за жал, не успеа до крај да ја заврши работата околу пеналот. Тој утна, но затоа, пак, Игор Момировски од сесрце својот прв гол во 25 минута му го посвети на новородениот наследник на Степановски.
Ова беше фантастична фудбалско- спортска претстава
Веќе по вторпат се повторува истото сценарио околу организацијата на фудбалскиот натпревар на Пелистер во кое што публиката може заемно да се радува и на останати содржини пред натпреварот и за време на полувремето. Новиот спонзор на Пелистер СИБЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ се погрижи околу 20-ина девојки облечени во бело-зелени дресови да изведуваат музички точки проследени со играње низ целиот терен, а секако и да ги наградат навивачите со повеќе од 30-ина фудбалски топки. Пред натпреварот веќе неколку дена во Битола на посебен фудбалски штанд на Широк Сокак на битолчани овој спонзор им делеше фотографии , постери, знамиња и налепници на сите минувачи со цел популаризација на фудбалот во Битола.
Потпретседателот на Пелистер, Гоце Сиљановски - Монголо, по средбата пресреќен изјави:
"Ова е европскиот Пелистер кого го градиме трета сезона. Се надевам според она што го гледам и како реагираат битолчани успешно. Ќе продолжиме вака, но во секој натпревар ќе има и по нешто ново, а секако за тоа се заслужни нашите спонзори СИБЕ, ЛИТЕКС и ИМЛЕК"
Фудбалерите во "Инфинити"
Претпоследниот чекор до Европа, односно до Купот на УЕФА фудбалерите на Пелистер го прославија синоќа во ноќниот клуб "Инфинити", а за тоа управата на Пелистер се погрижи с$ да помине во најдобар ред и онака како што почна пред натпреварот да заврши и по натпреварот.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
НЕЏАТ ХУСЕИН:
"Во ваков амбиент лесно е да се игра и да се биде понесен од една ваква одлична публика. Мотивот беше голем, а секако треба да им се честита на фудбалерите и за храброста со која влегоа во натпреварот. Заслужено победивме иако екипата на Милано е добра екипа, но за жал, тие не успеаја да се снајдат во атмосферата под "Тумбе кафе", истакна тренерот на Пелистер.
ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ:
"Честитки за одличната организација на натпреварот и за с$ она што се случуваше во Битола. Битолската публика докажа дека Пелистер заслужува да излезе на европска сцена, а нивната победа над нас можам само да кажам дека е заслужена и чиста како солза. Вистински првенствен натпревар во кој имаше голови, одлична публика и секако добра арбитража", посочи тренерот на Милано.