Среќа шо млекарите не знат кај терат,посебно тие напаѓачите инаку денес ке не плеснеја.Првото полувреме од првата шанса Ибра му акна гол 

, убо ја повлече контрата Ацески во празно за Бале и овај со лобовка за 0-1.И после тоа се повлекоа нашите ,а и кога имавме неколку шанси за контра , немаше кој да отвори.Посебно денес Јове слабо изигра,баш по таа страна кај него имаше неколку шанси за да повлечи ама тапа.Имавме една шанса за 2-0 ни одбрани голманот и во 45-та минута некоја полушанса за млекарите , нашиот го тргна за дрес и свирна пенал.Изедначија на 1-1 и одма крај.Ама тоа ти е кога играме пичкарски.Место да нападниме да ги решиме кога ќе заводиме,ние се повлекуваме и ќе примиме гол.

Второто место ние да нападниме , одевме на нерешено.Ако го почнаја уплашено натпреварот во прво,во второ беше дај да не примиме гол.На 4-5 пати тргат нашите во контра , па ја губат топката и млекарите одат во контра,неколку ситуации ни излегват 3 на 2 , 4 на 3 , па и 4 на 2 арно ама тие напред шо играа кај нив чотки невидени инаку бод ќе сонвавме.Последните 10 минути млекарите паднаа на кондиција и ние ги стегнавме и тоа јако ,ама без завршница.На 2 пати имаше дуели во шеснаесетник и нашите место да паднат тие се тргачат,кој го знај можи ќе свирнеше судијата пенал 

и така цела утакмица судише во најмала рака рамноправно,ако не и 60-40 за нас.Имавме исто и 2-3 полушанси ама без завршница.На крај сума сумарум најреален резултат нерешено.
Да игравме Битола 95% ќе влезевме,Вака ќе биди мачење.На гости да играме и против Росоман очигледно е дека одиме да не изгубиме.Според мене со овај тим виси влезот.Ако се планира да се влези мора 2-3 појачувања минимум на зима , со предуслов да не ни избегат многу две екипи со бодови.Напаѓач мора , ако е Бале во форма 100% сум сигурен дека неможи сам цела сезона и мора да има backup варијанта.Најслаби сме во делот за организација на играта.Овде сме чотки.Под хитно ни треба играч шо ќе застани на топка и шо ќе дели точни пасови, како и полушпиц (мене лично Нове не ме бендисва.Можи дава пасови ама не трча дреми, а во цела утакмица има 2,3 потези и толку).
Сега за наредна со Тетекс сме без двата штопери и Додевски се повреди па ќе биди мачење и та утакмица.А фалат и Буки,Минчето,Мендо,значи сме без 4-ца стартери 

.
п.с.Да не го мислите Врапчето 

  главен е во средниот ред на млекарите 
