Не вервам дека ова сезона ќе играме со некој 3 за 3, или ако играме ќе играме со клубојте партиски (Брегалница, Победа) ама и овие се послаби од нас па нема логика да се прат договори... Се фрлат пари по карантини, играчи, трибини и сеа да договарат 3 за 3 со екипа шо можиме да ја добиеме двапати, малце ми е нелогично.

Плус повредените Демир, Лукас и Божиновски биле фит, па утре ќе бидат на располагање на Љамче.
Единствено бугарот и Петров не се на располагање и Денковски кој не бил физички спремен уште, ама пак од друга страна Батецот ќе има право на настап.
Мене ми е најмногу да не го стави Пашето да брани... Ако не го стави Илче утре прва постава сварно е безобразлуk. Дечкото со Беласица 2 пенали брани, со Работнички имаше страшна партија и одбранет пенал и да не добие шанса да биди прва постава е сварно срамота.
Ради грешките на Пашето сеа не сме први на табелата со +2 бода од Вардар. Тотално аматерски бранеше со МЃП ко прими два гола од мртов агол.