Не беше толку лоша играта денес, се гледа мал напредок, прво полувреме константно се држевме добро, второто киша рапсодија кошова, замина двоцифрена предност, иако успеавме да се вратиме до -6, ама немавме сили за ништо повеќе...
Му тргна шутот на МЗТ, каква рака сите за тројка не отепаја, 14 тројки погодија над 50% реализација, со вакви бројки нема шо да се бара....заслужен пораз....
Во недела со уште подобра игра и полна сала, се надевам на победа и мислам дека можиме до 1:1 !
Искрено со Мац арно и до тука стигнавме, нема тренер кој не го научи како игра...
Друга работа не ми се јасни дел од играчите....
Хотон, за 14 минути 4 лични грешки, автоматски висок играч за под кош еден помалце....
Пајиќ за 7 минути 5 лични грешки, ги пушти МЗТ во бонус и си излезе од игра....
Младеновиќ со висина метро и кебап, оди на контра на положување против двојно или тројно повисоки играчи од него како Рикиќ, Милошевиќ, Дејвис и го залепија 3 пати....
Караџа невидлив, очекував барем нешто од неговото искуство во вакви мечеви....
Крстајиќ, кај Петровиќ, две сезони со ред најдобар играч со просек над 22 поени, успеавме да го донесиме кај нас, Мац воопшто не знај да го користи, неможи кај некој најдобар да си бил, сеа овде по 5 коша да даваш, друга работа Ацо си го собра Ајви од ФМП кај шо си беше, првите 2-3 утакмици беше слаб дури да се ухода, еве сега во МЗТ кај него е еден од носителите на играта....
И после НЕ БИЛО ДО ТРЕНЕРО, не до Бошко Буха е.
