БОБИ МИТЕВ: ВЕТУВАМ ТИТУЛА НА КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА, ПОТРЕБЕН НИ Е ВРВЕН ЦЕНТАР ИЛИ ПЛЕЈМЕЈКЕР
"Верувам во моите кошаркари, ова е нивниот максимум вечерва, но очекувам напредок во периодот што следи. Важно е да фатиме приклучок на табелата во АБА-лигата, додека во домашното првенство гарантирам двојна круна, без оглед што некои луѓе имаат свои приватни фаворити на домашната сцена. Нема потреба за паника, нема потреба за барање виновник, верувам дека полека се движиме во вистински правец, прашање е кога ќе победиме на два меча во низа и да си го вратиме . победнчкиот дух. Што се однесува до засилувањата, можеби е рано да се говори, но за спроведување на стилот на игра што го поседувам неопходен ми е или врвен центар или врвен плејмејкер, нешто што ни недостига во моментов".
Прашање е кога ќе добиете било кој меч, за засилување било рано абре третина првенство помина во АБА за фајнл фор да не се засилувате.