- Член од
- 30 јуни 2008
- Мислења
- 2.050
- Поени од реакции
- 1.349
МЗТ повторно бара центар
Според некои шпекулации, МЗТ наскоро би можел да се засили со играч од Србија или Канада.
Милтон Џенингс веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром и клубот ќе мора итно да најде нов висок кошаркар, по можност тежок центар. Проблематичниот 24-годишен Американец ги мина подготовките во Маврово, одигра и неколку контроли, но неговиот темперамент и незгоден карактер не му се допаѓаа на стручниот штаб, па договорот му беше раскинат. Капка која ја прели чашата на трпението била обидот за физички напад врз тренерот Змаго Сагадин на еден од последните тренинзи. Управата на „металците“ го донесе Џенингс од третата италијанска лига, на местото на Словенецот Марко Пајич, кој се повреди. Можеби третиот странски играч кој ќе биде донесен на позицијата крилен центар или центар ќе биде среќен, и ќе му се погоди на македонскиот првак, кој на 4 октомври стартува со настапи во АБА лигата. Се спомнува дека новото засилување ќе биде од Канада или Србија, но сето тоа уште е во рамките на шпекулациите.
Милтон и додека студираше во САД имаше проблеми со законот, беше апсен за поседување дрога, а бил суспендиран и поради кавга со тренерот на Универзитетот Клемсон.
И од кошаркарски аспект Џенингс не беше некое екстра засилување за МЗТ, особено што во тимот има неколку играчи со слични карактеристики. Џенингс проблемите ги правеше на долгите тренинзи под водство на Сагадин, а за малку ќе предизвикаше инцидент и на контролата со Карпош Соколи. Потоа почна и да пропушта тренинзи, па самиот си го трасираше патот кон излезната врата.
Сега МЗТ повторно е во потрага по странски висок играч, но од она што можеше да се види на досегашните контролни дуели, фалат еден до двајца физички силни играчи.
http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=5C816B40D068B74FAC4E0593AD2DD386