Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
МЗТ и Металург имаат закажано во исти ден од 18:00 и од 20:30 часот натпревари во АБА и Лига на шампиони. Цела вест
 
Абе ајде http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=12936 .Како само они да имаат фиксни термини ,АБА 100% казна ќе даде за одложување.

А они барем можат да играат во Кале каде има поголеми трибини,втора кошаркарска сала според АБА стандарди во Скопје нема.
.
 
Брее... никој не пишал за вчерашниот натпревар :LOL: Ај јас прв...

Епа, дефинитивно најдобра утакмица сезонава. Баќич конечно проработе и во одбрана и во напад. Чековски - секоја чест, од натпревар во натпревар е се' подобар. Апсолутна доминација имаше во рекетот. Гече исто одигра одлично. Дејвис и Дамјан стандард супер. И конечно Оташевиќ влегува во ритам. Може не толку шутерски, пошто вчера се покажа како голем анти-талент за шутирање (3/3 бунар), али за разигрување а особено во одбрана беше доста солиден.
Едино не знам што му се десило на Огнен и зошто превезот на нос.

Btw,

iQcR1.png


(y)
 
Одлична игра вчера, се беше совршено, во одбраната Станко уште еднаш докажа дека е цар, а богами и во напад беше одличен, Дејвис исто така одличен, Бакич КОНЕЧНО, единствено Оташевич ме загрижува. Па добро бе плејмејкер да има три бунари и толку лош шут? Али ајде да не биде дека хејтаме се живо и диво да му оставиме простор на момакот да се привикне, ипак новајлија е. После утакмицата може да заклучам три работи:
1. Можеме да бидеме пресреќни што Пипан ни е тренер, човекот е доктор на науки во споредба со Ацо, тренериште невидено.
2. Тимската хемија е на највисоко можно ниво.
3. Николич не е ни за во Монте Јуниор лигата.
 
Освен Николич,кој ако продолжи вака од наторевар во натпревар се полошо да игра на крај ќе се одучи од кошарка се друго е добро,а има потенцијал и за супер да биде.Оташевич може направи 3 бунара али украде и неколку топки а играше и добра одбрана.

Сега доаѓа најлесниот дел од распоредот со два домашни натпревари дома против Унгарците и Крка.Со 7-6 на крај не задоволни туку презадоволни можеме да бидеме,посебно кога ќе се земе во обзир дека во најтешкиот дел ( Олимпија,Цедевита,Игокеа,Задар ) направивме 3-1.Во вториот дел сите противници за средината на табелата ни доаѓаат дома а против најголем дел веќе имаме победа.

Единствено за што може да се жали до сега е поразот од Сплит кој што навистина не ни беше потребен.

.
 
Гледам никој не го искоментирал Кире, го познавам како дете на МЗТ, неколку години школуван во странсто, лаком гз за пари, но мајсторе ти дефинитивно треба да си одиш прв од тимом , заедно со Урош. АнТиТаЛеНтИ
Господ може ти дал висина, но ништо друго.
 
Гледам никој не го искоментирал Кире, го познавам како дете на МЗТ, неколку години школуван во странсто, лаком гз за пари, но мајсторе ти дефинитивно треба да си одиш прв од тимом , заедно со Урош. АнТиТаЛеНтИ
Господ може ти дал висина, но ништо друго.

Не сакам да ви се мешам и да се правам експерт за кошарка, иако веќе сум пишал за Кире, но пак ќе пишам. Не знам што гледаат луѓево во него, од каде да биде тој замена за иднината за Гече.

Препрепрепрепреценет играч, не ме импресионирал ниту еднаш! Ни во Фени кога даваше баеѓи поени, тогаш само си ја користеше висината и индиферентноста на противничките центри.

За играч за ротација е можеби добар, ама за нареден прв центар, многу тешко. Едноставно не го бива!
 
Синоќа не можеше да закуца Кире:cenzura: .. на таа висина и да се мачиш да закуцаш, срамота е мислам. Но не е толку голема болката кај него отколку кај овој Урош, не знам уште колку време ќе го трпат во клубот, ама до сега апсолутно нема ништо покажано.
Еве Бакиќ вчера си изигра феноменална партија и колку толку го оправда тоа што му дадоа доверба и не го шитнаа.. ама за Урош во најскоро време треба да се спасат од него, ако глеаме реално на работите.
И не е дозволиво од 23 поени предност, на крај да се молиш да не го загубиш мечот, требаше во мирен финиш да си влезат, а не, им се стресоа нозете, Задар е далеку од стариот нивни тим, ако загубеа од овие срамота ќе беше.
 
Кире немаше асална партија годинава, пред две години беше главен играч на МЗТ ама тоа беше друга екипа и друга лига, толку му е паметот иако физички предиспозиции има несвес, брзина висина подвижност.

Урош мислам дека уште го држат најмногу поради немање адекватна замена-дрво е дечкото!

Во Оташевиќ искрено верувам поради една причина, видовме дека Пипан не е залутан лик, знае што прави и ја знае кошаркара, чим инсистирал на играчот на кој претходно му бил тренер, значи знае што може дечкото и ќе го уклопи.
 
Урош ако го исфрлат од домашниве може само Трајковски или тој од Кавала,и двајцата се огромен прашалник како би се снашле во АБА.

Кире не го сваќам искрено.Повисок е од добар дел од центрите,побрз е али едноставно игра како да не му е гајле,ниту се гледаат емоции ниту ништо ( тоа е можеби добра особина кај играчи како Војдан,Дамјан,Дејвис каде ти треба смиреност ) али да си центар и никогаш да не си наљутен не го разбирам.Место да гризе под кош он комплетно не ни сака да се бори под кош туку само да си шутира тројки.

Искрено најмногу надеж во него полагав од засилувањата али ова веќе станува патетично.Марковски има поголема минутажа од него,а како што тргнало и Турњанин ќе има.
 
повеќе од 10 години го пратам, татко му е близок пријател со татко ми. Беше 2 години во Америка да ја "учи" кошарката во некој колеџ. Дете на МЗТ е, уште од мал сите се надеваа на него дека 1 ден ќе биде предводник на МЗТ(тоа време кромитче,кралевски и Талевски) ни беа главните "центри".
Лани го шитна клубот за +- 500 евра. Годинава кога се му се опрости и кога пак требаше да биде најголемото засилување за тимот, он е ДРВО. 2-3 пати во неговата цела кариера го имам видено да закуца. Вчера се избламира,јас мислев ќе го искрши кошот, а он неможе да закуца. (n) Па ај тоа ни кош не даде. СРАМОТА
 
повеќе од 10 години го пратам, татко му е близок пријател со татко ми. Беше 2 години во Америка да ја "учи" кошарката во некој колеџ. Дете на МЗТ е, уште од мал сите се надеваа на него дека 1 ден ќе биде предводник на МЗТ(тоа време кромитче,кралевски и Талевски) ни беа главните "центри".
Лани го шитна клубот за +- 500 евра. Годинава кога се му се опрости и кога пак требаше да биде најголемото засилување за тимот, он е ДРВО. 2-3 пати во неговата цела кариера го имам видено да закуца. Вчера се избламира,јас мислев ќе го искрши кошот, а он неможе да закуца. (n) Па ај тоа ни кош не даде. СРАМОТА

Чекај, не е Кире од кк Центар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom