Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
А шо очекувавте вие? Второ коло е у Јадранска лига не у Евролига... супер е бројката, само Фемили малку подинамично треба да навиваат.

Очекував да ги има барем малку повеќе..
 
Мешате клуб со репрезентација, па за тоа и очекувате толку публика.
Прва 1/4 премногу катастрофа беа, Николовски ги извади некако, па сеа имаат 22-22 .
 
Јане си е Јане за МЗТ, тоа е.
Локацијата на БТ воопшто не им одговара, тоа башка.
 
Кирил Николовски :cuc: зверотија ,Чековски уште еднаш се потврдува мојата теорија дека он е роден за некој тепачки спорт бе не е овој за баскет :pos:
 
Игра онака, колку да се победи. На моменти и двата тима промашуваа многу, ама добро издржа МЗТ до крај. И не не' бива ако не ја закомплицираме на крај, добро се заврши како што треба. Честитки и одлично навивање од Фемили.
 
Tребаше полесно и полабаво да си тепаме но тоа е јас сум позитивен дека дома сите освен Цедевита може да паднат :)
И треба за нијанса подобро навиање речиси ич немаше пеење на еден дел од трибината.
 
Прво не знам од каде вадите дека салата била полупразна.Двете главни трибини беа полни.

Позади кошот имаше едно 100-200 луѓе али искрено на кошарка да седиш позади кош е ептен бедна работа.

Второ играме со Широки најголем дел не ни знаат од која држава се не па нешто повеќе.
Трето играме во ист термин со Лига на шампиони
Четврто салата е на друг крај на Скопје.
Пето НИКАКВА промоција од медиумите.



Најважно играа слабо али дека не се уиграни.Без Гечевски и Николовски во исто време не можеме.На Дамјан и Дејвис не им идеше.Дамјан со 25-30 минути игра имаше 0 поени.
Бркич не беше уигран исто али сепак помогна со 2 тројки.

Ова беше еден од оние натпревари кога не иде али сепак победа си е победа.
 
Мене само ме разочараа србите и црногорецот со премногу изгубени топки. Мада помогнаа со 3ките, ама многу и грешат. Особено ова важи за Мијаиловиќ кој и претходната и оваа можеше да биде трагичар. Исто и Дамјан ужасна партија.
 
Прво, оваа победа не смее и не треба да се омаловажува, но не смее и да не залажува. Одиграа момците многу слаб натревар денес, но не смее да им се замери. Полека но сигурно ќе го осетат пеколното темпо, каде што нема веќе тренинг екипи, и на секоја утакмица ќе треба да влезат максимално мотивирани, ко да е финале.
Ме радува тоа што и во ваква мизерна партија успеавме да издвојуваме победа.
Од друга страна ми се свига ротацијата на играчите кај Ацо. сите добиваат шанса и за сега сите добро си ја користат. Денеска тоа беа Огнен и Грне кои, како играчи од клупата, по мене ја свртеа утакмицата. Најпрвин двете врзани тројки на Огнен а после и на Грне :)))

За црногорецов можам да кажам дека за плејмејкер е претерно спор, ама има нешто у него што го надокнадува тој недостатог. Ќе видиме како ке се уклопи и каков ќе биде неговиот придонес у наредниве утакмици.

На навивачки план, секогаш самокритично.
Денеска бевме во солидна бројка, но навивањето не беше на ниво (особено во првото полувреме). Повеќето ги пратеа случувањата на паркетот и пееа по тој терк, со пола уста, од колку да се даде максимална подршка без разлика на резултатот.
Очекувам нареден натпревар многу подобра организација, зошто реално, и на нас ни треба време да се прилагодиме на Борис...
 
family1.jpg


Family Aerodrom! :X3:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom