Од страната на клуботПочитувани,
Би сакале да Ве информираме дека Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје ќе одржи прес конференција на ден 6.08.2012 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот во ресторанот Ин-Вино (во рамките на спортската сала Јане Сандански).
Прес конференцијата ќе биде посветена на почетокот на подготовките за следната натпреварувачка сезона, а на истата ќе присуствуваат претседателот на клубот Сашо Босилков, спортскиот директор Ѓорѓе Војновиќ, тренерот Александар Тодоров и капитенот Тони Грнчаров.
Подготовките на МЗТ Скопје ќе започнат истиот ден, во салата Јане Сандански во 19.00 часот, кога ќе се одржи првиот тренинг и претставување на екипата. Тренингот ќе биде отворен за средствата за јавно информирање, за сите навивачи на нашиот клуб, но и за сите љубители на кошарката. По крајот на тренингот, сите играчи ќе ви бидат на располагање за изјави и коментари.

Интересно интервјуто на дејвис, сепак не им е лесно ни на американците во тимов, им треба време да се средат и да почнат да играат ко што треба.Оваа година треба да го видиме правиот дејвис


Се на се уште центар и не му ја мислам многу за македонско првенство
