Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Ноа беше вратен баш ради висината,рака на срце центар испод 210 у јадранска има да извезува банани. Ама дечлото со борбеност е рамо до рамо со Станко. Нема шут ама се рва ко никој. Знае некој какви бројки имаше во маџарска или кај и да играше?

За Кире џабе праиме моабет, од детето не испадна центар и тоа е тоа!
 
Пипан ако реши да остане во МЗТ и следна сезона а мислам дека изјави дека ќе останел во наредните 2 години тогаш го има цело лето со Ноа,и верувам дека може малце да му ја промени позицијата да игра некое комбо на 3/4.

Ноа знае да игра супер одбрана,знае да се гради и за офанзивен и за дефанзивен скок,на линија од слободни е многу ефикасен ( дали неколку пати цела сезона имал утнато од слободни ).Кога би работел на движење со топка и шут цело лето би требало да има и за него место во МЗТ.На единствениот натпревар кај што на Ноа му беше дадено повеќе од 2-3 минути да игра он имаше 5/5 за 2 поена и неколку скока.

Сега кога Николич си отиде остана уште Бакич ( се надевам дека само за една сезона го потпишале ) и Богоев да си отидат и да се донесат четворка што знае да скока,некое комбо 1/2 кое знае да напаѓа кош и има едно 5/10 поени во рака и некој младинци центар и бек за во иднина.Летово по мое мислење Марковски мора да набие килажа барем едно 10 кила и Пипан да работи со Огнен,Ноа,Кире за следната сезона уште во старт да се тргне сериозно.
 
Како што најдов на нет, играл во Словачка за Б.Бистрица и на 2 утакмици имал по 24 поени и 9 или 10 скока. :)
--- надополнето: 19 март 2013 во 22:31 ---
Noah Dahlman@NoahDahlman Protected account
9h
Can't wait to put on the Blue and White again! #MZT #
:)
 
Мислам дека за околу 20 минути имал по 13 поени по меч.
 
Едно не ми е јасно, што толку многу србиве се палат на сите спортски портали дека Раднички земале играчиште, сеа биле спремни да се борат за титула итн.
Дечкото ништо не покажа во МЗТ во АБА, има градба да биде Двајт Хауард за останатите а игра ко да е 150 см и 35 кг. Со такви предиспозиции какви што има дечкото треба да гази ама очигледно ништо не бидува од него. Далман да ја имаше таа висина и килажа веројатно во евролига ќе играше, барем се труди и има желба да напредува. Сигурен сум дека да останеше далман сезонава во АБА исто, ако не и повеќе ќе допринесеше од дрвото што си отиде.
Good Riddance што би рекле америте :)
 
Пипан ако реши да остане во МЗТ и следна сезона а мислам дека изјави дека ќе останел во наредните 2 години тогаш го има цело лето со Ноа,и верувам дека може малце да му ја промени позицијата да игра некое комбо на 3/4.

Ноа знае да игра супер одбрана,знае да се гради и за офанзивен и за дефанзивен скок,на линија од слободни е многу ефикасен ( дали неколку пати цела сезона имал утнато од слободни ).Кога би работел на движење со топка и шут цело лето би требало да има и за него место во МЗТ.На единствениот натпревар кај што на Ноа му беше дадено повеќе од 2-3 минути да игра он имаше 5/5 за 2 поена и неколку скока.

Сега кога Николич си отиде остана уште Бакич ( се надевам дека само за една сезона го потпишале ) и Богоев да си отидат и да се донесат четворка што знае да скока,некое комбо 1/2 кое знае да напаѓа кош и има едно 5/10 поени во рака и некој младинци центар и бек за во иднина.Летово по мое мислење Марковски мора да набие килажа барем едно 10 кила и Пипан да работи со Огнен,Ноа,Кире за следната сезона уште во старт да се тргне сериозно.
Нема шанса,3 да игра Далман?
Дејвис и Дамјан ќе збираат полжави на клупа?Плус тоа овој од мал ја игра оваа позиција и има таква градба,сега не може ни свети Пипан да го спреми за тројка,плус тоа сериозно Ноа во живот не знам ни дали шутнал тројка(позиција 3 во кошарка-shooting guard).
Така да ќе си игра 4,тоа го знае и го игра најдобро.
А може и некој хормон за раст да му тртнат :icon_mrgr:
 
Нема шанса,3 да игра Далман?
Дејвис и Дамјан ќе збираат полжави на клупа?Плус тоа овој од мал ја игра оваа позиција и има таква градба,сега не може ни свети Пипан да го спреми за тројка,плус тоа сериозно Ноа во живот не знам ни дали шутнал тројка(позиција 3 во кошарка-small forward).
Така да ќе си игра 4,тоа го знае и го игра најдобро.
А може и некој хормон за раст да му тртнат :icon_mrgr:
Мала поправка :icon_mrgr:
 
Дали ќе има пренос од натпреваров со Кожув?
 
Оташевич најмалку 5 украдени топки вечерва :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom