Цибона е банкрот и веќе во следниот натпревар ќе ги изгубат и Јанинг и Страбери и ќе останат и без бекови а веќе се без центри единственото што ги спасува да не испаднат сезонава се 8 те победи.До крај 2 победи ако имаат може да се сметаат за среќни.
Игокеа во следните две кола игра со Партизан и Црвена Ѕвезда значи веќе за два натпревари може да се очекува со Игокеа да се има ист резултат притоа имајќи победа веќе против нив и решавачка ќе биде таа против нив на гости.
Партизан до крај на сезоната има 7 гостувања и тоа против Игокеа,Будучност, Олимпија, Црвена Ѕвезда,Задар ,Мега Визура и Цибона .Притоа влегоа и во ТОП 16 за Евролига и прв натпревар им е против Реал каде ќе бидат демолирани најмалку 25-30 разлика.Играат со 8 играчи вкупно и од една страна имаат 7 гостувања ( а на гостување секој тим може да ги победи ) а од друга страна имаат 10 натпревари во кои ќе бидат редовно демолирани.
Будучност има просечен распоред и со нив зависи се како ќе изигра МЗТ на гости.