Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
:unsure:

50 милиони беше клаузулата? Доколку е вистина, иако има 25 години, ми делува како да има некои шанси да прифати.

И да е вистина барем нема да си отиде како слободен играч,за 50 милиони лесно ќе најдат замена.
 
Ми се допаѓа ова што го гледам,сфаќам Пиоли што сака да направи сака Милан да игра,агресивно,модерен фудбал со брза игра и многу свичувања,изгледа летово го гледал Тед Ласо :pos:
Реијндерс го уби со долгиве топки во простор чичко Жиру,вака само со Окафор или друг брз шпиц.
Мора да размислуваат и за друг стартен десен бек или Калулу да го прекомандуваат таму,Калабрија ќе биде најслабата алка во стартниот состав сезонава.
Ќе треба јако да го стегнат газот во одбрана особено оние што ќе играат мезала.
Сега ќе биде проблем за Милан Тео да дојде до израз во новиов систем на Пиоли.
 
Последно уредено:
Ја да сум на нивно место би направил и револуција у одбрана, шитни ги Томори и Калулу и купи други двајца, повисоки и со мозок.

Од Томори не бидува играч, неможе на една добра утакмица 2 со мозочен удар да ги игра, Калулу исто после новиот договор исто така игра како кур да го боли.
 
:unsure:

50 милиони беше клаузулата? Доколку е вистина, иако има 25 години, ми делува како да има некои шанси да прифати.


50 милиони клаузула, ама таа важи од летото 2024. То значи дека технички во јануари Милан може да бара и повеќе од висината на клаузулата.

За 50, а камо ли за појше, уште од сега ќе почнат да бараат замена и како да ги реинвестираат тие 50-60 милиони. Бенасер е топ играч, ама повредите му се се почести. Више може да се каже дека има и по една сериозна повреда во сезона.

Ако се даваше Тонали за 70, ќе го даат и овој за 5-60 милиони као ништо. А и искрено мислам дека Бенасер е човек којшто би прифатил да игра таму, скроз е во тие верски приказни некако, со божја помош и постење, нема да ме чуди лесно да прифати.

Што се тиче новиов среден ред, ме интересира кој ќе игра плеј или региста што би рекле таљаните. Во моментов тоа е Круниќ. Рајндерс се почесто нагласува дека е мецала и тоа сака да игра, Лофтус Чик сигурно не е за тоа, а и Муса што се спомнува појше ми личи на box-to-box отколку на плеј. Или Пиоли ќе форсира некој систем кајшто Пулишиќ (?) као треквартиста ќе се повлекува појше во среден ред за да развива игра, ќе видиме. Како и да е јас би сакал класичен плеј да имаме во тим и да не се потпираме исклучиво на Раде за таа позиција.

Не знам зошто не тргаат по Ричи од Торино, ќе го остават во Лацио да оди и да скапе цел живот таму со лудиот Лотито. Во некој паралелен универзум и со малку среќа би дошле Турците со некоја понуда од 15-16 милиони за Круниќ, го шиткаме и го зеаме Самуеле Ричи за замена.

Во друга ситуација за пишљиви 7-8 милиони господинот Раде не се дава, нема логика.
 
Ми се допаѓа ова што го гледам,сфаќам Пиоли што сака да направи сака Милан да игра,агресивно,модерен фудбал со брза игра и многу свичувања,изгледа летово го гледал Тед Ласо :pos:
Реијндерс го уби со долгиве топки во простор чичко Жиру,вака само со Окафор или друг брз шпиц.
Мора да размислуваат и за друг стартен десен бек или Калулу да го прекомандуваат таму,Калабрија ќе биде најслабата алка во стартниот состав сезонава.
Ќе треба јако да го стегнат газот во одбрана особено оние што ќе играат мезала.
Сега ќе биде проблем за Милан Тео да дојде до израз во новиов систем на Пиоли.

Интересно е, но вчера се видоа и доста слабости. Не беше многу добар пресингот по изгубена топка, Јувентус неколку пати имаше добра транзиција, каде за Веа, а особено за Киеза, правеа изолација на крила, а нашите лошо бранеа 1 на 1.

Киеза ги доби речиси сите дуели, а кај Тео веројатно повеќе се работи за тоа што уште не е во форма, плус неговата амбивалентност кога е во прашање дефанзива, особено на натпревари кои не бараат огромна концентрација.

Не знам зошто новиот систем со тројца во средина би му бил дополнителен проблем. Пиоли и порано играше со инвертни бекови, особено со Тео, иако сега почесто ги користи двата бека. А уште еден играч во средина, само би требало да му помогне во одбрана. Повеќе е до формата и концентрираноста.

Не ми се допаѓаше целиот тим во последната третина. Многу солирања, изгубени топки, малку направија нешто конкретно, малку шанси од игра.

Додека имаше интересни работи во билд ап, а особено Рејндерс се покажа добро.

Има уште многу работа, некои проблеми ќе си останат и во септември, што поради Пиоли, што поради слабости во ростерот.
 
Ростерот е најслаб во одбрана, освен Тео другите тројца не би помирисале ни клупа у било кој појак тим.

Средината може исто да ни биде слаба страна, зависно како ќе се покажат новите играчи.

Едно во нападот би требало да сме подобри од лани.
 
Во средина ќе сме подобри од минатата сезона. Единствено може да биде прашање дали ќе сме подобри таму од 21/22, но не е далеку и од тоа.
 
Ребич продаден за пола миљон евра плус бонуси....па Вардар ќе го купеа за овие пари.... смешно кога ќе видиш дека нема уште 30 години а не кошташе над 30 миљона евра тогаш...

Мора да ја има спукано ептен со Пиоли и тимов чим по секоја цена го бркаат.
 
Одбраната мора да биде на повисоко ниво од минатата сезона.
Со тој од Валенсија изгледа е при крај работата но и тој е box to box а на Фурлани,Монкада и Пиоли сега им текна дека им треба класичен региста.
Доколку добијат пристојна цена за Крунич од Турција можно е да земат класичен региста во спротивно мислам дека толку ќе биде со средниот ред.
Напред дефинитивно има upgrade на ростерот и ќе биде возбудливо да се види како ќе функционира предната линија.
Фурлани,Монкада и Пиоли или скратено ФМП :D завршија сосема солидна работа.
И после тоа што го видов сабајлево дефинитивно ЧДК нема што да бара тука и најдобро да си ја побара среќата на друго место.
 
Додека имаше интересни работи во билд ап, а особено Рејндерс се покажа добро.

Има уште многу работа, некои проблеми ќе си останат и во септември, што поради Пиоли, што поради слабости во ростерот.
Очигледно е а и ќе беше фасцинантно ако беа скоцкани супер а не се ни 2 недели заедно, голем дел од нив немаат ни 5 тренинга заедно.

Има доста позитивни работи што даваат доста надеж за следна сезона ама ќе треба да се далеку подобро организирани за 22-3 дена кога ќе почне првенството.

Иначе не знам што да мислам веќе, сите сакаме да успее ама во Де Кателар нема душа изгледа, толку бледо и незаинтересирано да делуваш на терен, па не е реално.
Со деца беше околу него и пак не двоеше, трагично.

Верувам дека ако стигне задоволувачка понуда, ќе го дадеме.
 
Ако бил стварно толку тапа, само позајмица и молитви да се пронајде кај што ќе оди. Тешко понуда дека ќе има.
 
Монкада го пикирал синот на Фернандо Редондо. :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom