Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Не зезај Армеро беше еден од подобрите, тој играше добро и првото полувреме за разлика од повеќето. Треба да погледнам уште еднаш, но мислам дека не заслужи втор жолт..
Ти не заебавај кј бил Армеро од подобрите? Аматер е прав, брзината што го ваѓа на моменти само... и да црвен заслужен си доби, у рука му удре за втор жут...


бтњ...
Шутот на Мексес
https://vine.co/v/OXbIiOKIQKA

и магијата на Менез :D
https://vine.co/v/OXbYU0wZYKO
 
Ти не заебавај кј бил Армеро од подобрите? Аматер е прав, брзината што го ваѓа на моменти само... и да црвен заслужен си доби, у рука му удре за втор жут...

Армеро си е аматер, тоа не е спорно. Нема мозок, во добрана е слаб, некогаш центрира добро, но освен брзина нема ништо за фалење. Но јас не видов Рома да се изнаигра по неговата страна, како што не видов Жервињо да си игра со него како со дете.
 
Далеку од тоа дека Армеро беше лош... солиден во најмала рака... Менез,Лопез и Мексес најдобри... Мексес неколку утакмици игра на врвно ниво штета што се изглупира со картонот... Далеку поорганизирано изгледаме со Монтоливо во тим.. Де јонг и Шарави 0
 
Mexes: “I had two bad passes at the start, so I thought rather than risk it again I’d just shoot!”

:icon_lol:
 
Мексес арно му текна да го игра добро изигра вчера, Менез ги поулаве штета за црвениот мислам дека имавме добри шанси да тепаме и бевме далеку подобри вчера.
Бонавентура исто добро игра сезонава, фала му на Бјабјани што не потпиша за нас :D[DOUBLEPOST=1419156774][/DOUBLEPOST]
Торес пак беше болен?

тешко до крај на сезона дека ќе заигра, може во Купот да игра.
 
Едно е сигурно, после натпреваров Дестро сигурно не доаѓа у Милан :D
Е затоа го сакам Мексес, а нареден натпревар ќе му ја мислимо назад без Армеро (немамо лев бек), Мексес и Де Јонг :D

и да, Менез машина... алал да му е!

Следна утакмица е наредната година на 6.1 :)ваљда ке се опорават Абате ,Де Шиљо,Рами до тогаш :).
Што се однесува до досегашниот дел од сезоната новајлиите некако најмногу ми оставија впечаток и скоро сите испаднаа добри ,Менез,Бонавентура ,Лопез (y)па и Алекс не беше лош (тоа што нема среќа со повредата е друго), освен Бибер(што у погрешно време на погрешно место дојде) и Армеро кој нема врска што праи на терен ,вчера не само што го остави тимот на цедило 25 мин. туку у одбрана е ниво ТАИВО, не знае што да направи,нема идеја или ке тргне сам на лош дриблинг или ќе ја испуца на дефанзивците на Рома, се надевам последна му беше ...За Торес нема потреба да се коментира , Њу Креспо - јес оф корс.
Со Шарави магла нека фаќат ,може да им се придруже и Закардо (да Закардо е уште играч на Милан :гик:).
 
Лесни утакмици следниов период, само со Јуве потешка, сега морат да искористиме и да се искчиме на трето место. Да се биде или не..
 
Испровоциран од понашањето на Шарави, морам да пишам.
Очигледно неговиот проблем е исклучиво психолошки. Само со главата има проблем детето и тоа ќе биде така се додека ја чува онаа факерска фризура. Сериозен сум. Не е пораснат, во мозокот има 17 години.
Имаше одлична полусезона пред доаѓањето на Балотели и со тоа и самиот себе и нам ни наби високи очекувања. После тоа имаше слаба сезона ипол, па на почетокот на оваа тргна добро, се повреди, падна психички и таман кога мислев дека се врати после голот со Сампдорија, тој на дербито против Интер промаши шанса за гол со кој се станува голем играч и пак потона после тоа. Однесувањето на терен кога влезе против Рома беше очајно и мизерно. Можда тоа му беше знак на револт затоа што беше на клупа и мисли дека со една полусезона стана главен играч во Милан, па може да си прчи к*р.Некој мора да го исшамара и да му каже дека не мора се тој да носи на грб, дека никој не очекува тој да го решава секој натпревар и мора да се работи на тоа да му го смалат притисокот кој го осеќа, а сам себе си го набива.
Наеднаш стана голем играч и голема ѕвезда со реклами, као заштитно лице, брендирана фризура, женски и исто толку наеднаш го снема, испари.
Технички е одличен, чак и подобрен од минатите сезони, ама очигледно има проблем во главата и со право не беше стартер на изминативе 2 утакмици.
Искрено јас ВАКОВ Шарави би мењал. Шарави КАКОВ ШТО МОЖЕ И ЗНАЕ ДА БИДЕ, не. Е сеа, се работи за проценка на тренерот и раководството. Ако тие проценат дека можат да му помогнат да се врати, нека остане, ама јас како навивач ќе очекувам да гледам друг Шарави, барем 70% од оној кој го спасуваше Милан пред две сезони, а не ваков како оттогаш наваму.
Јас најискрено баш заради тие проблеми кои мислам дека Шарави ги има, не сум многу сигурен дека може да се врати. Освен ако Инзаги не му помогне некако. Се надевам дека грешам и сакам да остане Шарави во тимот затоа што неговиот талент е неоспорен, ама мора да ме увери дека тоа од пред 2 сезони не беше само моментален блесок. Не толку со голови или асистенции, моментално однесувањето на терен и пристапот кон утакмиците му се проблематични. Прво со тоа, а головите и асистенциите ќе дојдат сами од себе.

За тоа како ми делува Милан досега, ќе речам само дека ми е многу мило што не ги губиме дерби утакмиците со директните конкуренти, нешто што во последно време редовно ни се случуваше.
Инзаги очигледно учи од дерби во дерби. Јувентус не победи затоа што Милан се исплаши и превише се повлече. Дури и со Интер и Фиорентина ни се деси истото. Ремизиравме на натпревари на кои доминиравме, имавме водсто и мораа да се добијат. Натпреварот со Наполи и второто полувреме со Рома - е таков треба да биде пристапот.
Нормално, има тука и многу недостатоци, ама овој Милан од последниве две утакмици, нормално ако се одржи/подобри, може да биде сериозен конкурент за трето место (жално звучи, ама што е, тука е). Доста ќе зависи и од преодниов рок, нормално.
 
Aj so sreka neka vi e Cerci, izgleda ste go dogovorile, trampa so Torres. BRAVO!
 
само што го прочитав и јас тоа
па тоа е одлично нешто!
сеа уште и еден напаѓач солиден да земат што е способен бар 10 гола да даде за втората полусезона :свиркам:
 
Одлично одлично... кога ќе ми текне дека летоска нудевме 15-20 милиони иако повредата го скина и многу е падна во форма ова е џек пот :cool: Доаѓањето на Черчи (сеуште чекаме официјална потврда) би значело сигурно останување на Пацини барем уште во пролетниов дел и можно заминување на Шарави.. Нијанг сигурно ќе оди најмалку на позајмица
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom