Испровоциран од понашањето на Шарави, морам да пишам.
Очигледно неговиот проблем е исклучиво психолошки. Само со главата има проблем детето и тоа ќе биде така се додека ја чува онаа факерска фризура. Сериозен сум. Не е пораснат, во мозокот има 17 години.
Имаше одлична полусезона пред доаѓањето на Балотели и со тоа и самиот себе и нам ни наби високи очекувања. После тоа имаше слаба сезона ипол, па на почетокот на оваа тргна добро, се повреди, падна психички и таман кога мислев дека се врати после голот со Сампдорија, тој на дербито против Интер промаши шанса за гол со кој се станува голем играч и пак потона после тоа. Однесувањето на терен кога влезе против Рома беше очајно и мизерно. Можда тоа му беше знак на револт затоа што беше на клупа и мисли дека со една полусезона стана главен играч во Милан, па може да си прчи к*р.Некој мора да го исшамара и да му каже дека не мора се тој да носи на грб, дека никој не очекува тој да го решава секој натпревар и мора да се работи на тоа да му го смалат притисокот кој го осеќа, а сам себе си го набива.
Наеднаш стана голем играч и голема ѕвезда со реклами, као заштитно лице, брендирана фризура, женски и исто толку наеднаш го снема, испари.
Технички е одличен, чак и подобрен од минатите сезони, ама очигледно има проблем во главата и со право не беше стартер на изминативе 2 утакмици.
Искрено јас ВАКОВ Шарави би мењал. Шарави КАКОВ ШТО МОЖЕ И ЗНАЕ ДА БИДЕ, не. Е сеа, се работи за проценка на тренерот и раководството. Ако тие проценат дека можат да му помогнат да се врати, нека остане, ама јас како навивач ќе очекувам да гледам друг Шарави, барем 70% од оној кој го спасуваше Милан пред две сезони, а не ваков како оттогаш наваму.
Јас најискрено баш заради тие проблеми кои мислам дека Шарави ги има, не сум многу сигурен дека може да се врати. Освен ако Инзаги не му помогне некако. Се надевам дека грешам и сакам да остане Шарави во тимот затоа што неговиот талент е неоспорен, ама мора да ме увери дека тоа од пред 2 сезони не беше само моментален блесок. Не толку со голови или асистенции, моментално однесувањето на терен и пристапот кон утакмиците му се проблематични. Прво со тоа, а головите и асистенциите ќе дојдат сами од себе.
За тоа како ми делува Милан досега, ќе речам само дека ми е многу мило што не ги губиме дерби утакмиците со директните конкуренти, нешто што во последно време редовно ни се случуваше.
Инзаги очигледно учи од дерби во дерби. Јувентус не победи затоа што Милан се исплаши и превише се повлече. Дури и со Интер и Фиорентина ни се деси истото. Ремизиравме на натпревари на кои доминиравме, имавме водсто и мораа да се добијат. Натпреварот со Наполи и второто полувреме со Рома - е таков треба да биде пристапот.
Нормално, има тука и многу недостатоци, ама овој Милан од последниве две утакмици, нормално ако се одржи/подобри, може да биде сериозен конкурент за трето место (жално звучи, ама што е, тука е). Доста ќе зависи и од преодниов рок, нормално.