Јас да сум Урби Емануелсон ќе прогласам своја играчка непослушност и не влагам на терен за жива глава. Ќе бојкотирам. За мобинг ќе го пријавам тренерот. Па греота е ова што му го праи Алегри жими се.
Дојде као полушпиц, па играше крило, па после играше и втор напаѓач, па во среден ред, па сеа као му ја најде позицијата - лев бек. Тоа што никој во кариерата на Емануелсон не го видел, го виде Алегри после лутање, лутање и лутање. Го виде и препозна левиот бек во Урби.
Ај па и да беше некој добар лев бек, ќе разберев, вака..
Ај па да не беше ова утакмица со Барселона пак ќе разберев. Да беше со Пескара да речеме.
Ај па по таа страна да не играше Меси и тоа ќе разберев. Вака..?!
Стварно не знам како Милан очекува да го продае после онолку лутања со неговата позиција. Стварно не знам како уопште се очекува некоја добра игра од него после ваква неконстантност.
Јака му душа на Урби, јас не знам како уште му се игра фудбал. Изгледа е душа од човек. Вакво малтретирање ретко кој би трпел, ма каква и да е платата.