- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.530
- Поени од реакции
- 8.343
aх не ме сфаќаш што ти кажувам пак...значи ти викам Пари од спонзори има...не се намалени туку се зголемени во однос од прошла година...Потпишавме нов договор со Ауди , банка од милано влезе како Нов спознор, а и нов договор со адидас кој носи повеќе пари од предходниот... Ама тие пари не се доволни моментално за Мега трансфери пошо Берлускони веќе не дава пари од кај него.. значи Пари од спознори иаме пари од берло не...Да имавме и пари од спознори и берло е тогаш е друга приказна...сеа ме сфаќаш ја што ти кажувам ?? не се проблем слабите игри за спонзорите туку проблемот е Берлускони....
Еве вака, без тупење ќе ти објаснам.
Парите од спонзорите се доволни за Милан со играчи од типот на Ночерино,Констант, Запата,Ѕакардо,силвестре.Дали се доволни за Тиаго Силва,Пасторе и тн? Не се доволни за звучни имиња. Па колку сака нека бидат поголеми од лани. Што логично значи дека има проблем у финансиите, кои се предизвикани од неколкугодишниот пад кој го има Милан.
И никаде не зборам за мега трансфери. И да, не правев конкретен муабет за спонзори, туку целокупна финансиска политика на милан(продажби,карти и тн, што значително се намалени), а ти незнам зашто го сврте на спонзорите.
Парите од спонзорите се проблем, спореди ги колку беа пред 2-3 години, па колку се сега.
И остај берлускони, ја после вас го спомнав берлускони. Стриктно зборев за тоа како лошите игри ни влијаат врз кешот кој го зимаме (од милион страни), а ти се фати за спонзори.
И ај размисли, еве на пример ти си менаџер на Sony или Mercedes. Дали би го спонзорирал Милан или Реал каде што една обична реклама од Кристијано Роналдо е гледана миљарда пати на јутуб и предизвикува дебата низ цел свет, или полуфинална утакмица Реал-Дортмунд која е гледана ширум светот од 500 милиони луѓе (поради тоа што е полуфинале на ЛШ), или кога знаеш дека секад стадионот им е испунет со 70 000 души за разлика од нашиот просек кој е нешто повеќе од половина (38 000), или пак 1/8 финале у ЛШ у кое што се знае дека Барса без проблеми ќе не помине??
Може не е адекватен примерот, ама сфаќаш што сакам да ти кажам - Ако Милан е поуспешен и постигнува резултати, освојува титули, привлекува публика, автоматски и ќе имаме поголема заинтересираност за инвестирање и спонзорирање, и автоматски ќе можеме да се надградуваме. А со ваква игра и такви дегени од играчи и тренер неможеш да очекуваш дека ќе привлекуваме големи спонзорски договори (зборам у споредба со тимовите кои се у врвот моментално у европа).
И те молам у иднина не се фаќај ко слеп за стап за секој збор што го кажувам, дебатирај за поентата која сакам да ја кажам (исто беше и за Робињо муабетот).
п.с Берлускони гледа моментален или краткорочен ќар, не гледа Милан да го направи клуб кој сам по себе ќе егзистира и ќе биде моќен повеќе години, бидејќи од таков Милан тој не гледа личен интерес.Него му е потребен (полу)мизерен милан за да секад кога му е потребен кеш да исценира финансиска нестабилност и со продажба на најдобрите играчи си ги покрие трошоците кои сам ги има предизвикано поради развратниот живот што го води, притоа не надокнадувајќи ја адекватно продажбата на најдобрите играчи.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 00:29 ---