Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
aх не ме сфаќаш што ти кажувам пак... :) значи ти викам Пари од спонзори има...не се намалени туку се зголемени во однос од прошла година...Потпишавме нов договор со Ауди , банка од милано влезе како Нов спознор, а и нов договор со адидас кој носи повеќе пари од предходниот... Ама тие пари не се доволни моментално за Мега трансфери пошо Берлускони веќе не дава пари од кај него.. значи Пари од спознори иаме пари од берло не...Да имавме и пари од спознори и берло е тогаш е друга приказна...сеа ме сфаќаш ја што ти кажувам ?? не се проблем слабите игри за спонзорите туку проблемот е Берлускони....

Еве вака, без тупење ќе ти објаснам.
Парите од спонзорите се доволни за Милан со играчи од типот на Ночерино,Констант, Запата,Ѕакардо,силвестре.Дали се доволни за Тиаго Силва,Пасторе и тн? Не се доволни за звучни имиња. Па колку сака нека бидат поголеми од лани. Што логично значи дека има проблем у финансиите, кои се предизвикани од неколкугодишниот пад кој го има Милан.
И никаде не зборам за мега трансфери. И да, не правев конкретен муабет за спонзори, туку целокупна финансиска политика на милан(продажби,карти и тн, што значително се намалени), а ти незнам зашто го сврте на спонзорите.
Парите од спонзорите се проблем, спореди ги колку беа пред 2-3 години, па колку се сега.
И остај берлускони, ја после вас го спомнав берлускони. Стриктно зборев за тоа како лошите игри ни влијаат врз кешот кој го зимаме (од милион страни), а ти се фати за спонзори.
И ај размисли, еве на пример ти си менаџер на Sony или Mercedes. Дали би го спонзорирал Милан или Реал каде што една обична реклама од Кристијано Роналдо е гледана миљарда пати на јутуб и предизвикува дебата низ цел свет, или полуфинална утакмица Реал-Дортмунд која е гледана ширум светот од 500 милиони луѓе (поради тоа што е полуфинале на ЛШ), или кога знаеш дека секад стадионот им е испунет со 70 000 души за разлика од нашиот просек кој е нешто повеќе од половина (38 000), или пак 1/8 финале у ЛШ у кое што се знае дека Барса без проблеми ќе не помине??
Може не е адекватен примерот, ама сфаќаш што сакам да ти кажам - Ако Милан е поуспешен и постигнува резултати, освојува титули, привлекува публика, автоматски и ќе имаме поголема заинтересираност за инвестирање и спонзорирање, и автоматски ќе можеме да се надградуваме. А со ваква игра и такви дегени од играчи и тренер неможеш да очекуваш дека ќе привлекуваме големи спонзорски договори (зборам у споредба со тимовите кои се у врвот моментално у европа).
И те молам у иднина не се фаќај ко слеп за стап за секој збор што го кажувам, дебатирај за поентата која сакам да ја кажам (исто беше и за Робињо муабетот).

п.с Берлускони гледа моментален или краткорочен ќар, не гледа Милан да го направи клуб кој сам по себе ќе егзистира и ќе биде моќен повеќе години, бидејќи од таков Милан тој не гледа личен интерес.Него му е потребен (полу)мизерен милан за да секад кога му е потребен кеш да исценира финансиска нестабилност и со продажба на најдобрите играчи си ги покрие трошоците кои сам ги има предизвикано поради развратниот живот што го води, притоа не надокнадувајќи ја адекватно продажбата на најдобрите играчи.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 00:29 ---
 
Види, ние во се може да се сомневаме, но ова се податици кои што ги обајуваа весниците во Италија, кои пренесуваа, демек официјални податоци. И не ги мешај трансферите тука. Се работи за приходи во клубот, опфатени се спонзорски договори, тв права, публика и уште нешто, значи само за приходи, а не за крајна сметка (минатата година тука имаа минус од 9 милиони, од јануари до декември 2012). Се работи само за тоа кој клуб колку има приходи (без трансфери), а не кој клуб колку е во плус или минус кога ќе се прави завшрна годишна пресметка. Тука Милан стои најдобро, а тоа е заслуга на Галијани и тој тим кој ја врши таа работа (како што зезна многу работи од 2007 година наваму). Милан дури успева и да ги зголеми приходите, колку и да ти звучи нереално. Има тука еден друг проблем... Милан во 2001 заработувал повеќе од Реал, сега не може ни да му се приближи, тоа се некои работи кои не зависат само од раководствто, никој од Италија не може да им припари, Јуве е подалеку и од Милан. Можеби за брзо време ќе го престигнат Милан, но сега така стојат работите.

Да, тие имаат подобри темели, тоа не е спорно, кај нив изгледа се доста и појасни работите. Предност им е и стадионот... и тоа голема. Успесите веројатно и ќе им донесат повеќе пари, скоро во секој договор и се пропишани бонуси ако се освои титула, но од друга страна одат пари и за бонуси за фудбалери, зголемување на плата и сл. Тоа е друг муабет, мене ми изгледа дека се на добар пат. Но, сега за сега, кога се приходите во прашање Милан стои подобро. Но, Милан и со години троши многу повеќе од Јуве. А и успесите не гарантираат секогаш (голем) плус, Интер кога освои тројна круна имаше огромен минус. Во скоро време никој од Италија нема да може да им се приближи на Барса, Реал, Баерн, Манчестер кога се финансиите во прашање.

И не сум ни јас задоволен, барем титула во Италија не би смеело да претставува проблем за Милан. Веќе долг период сме за Милан, доста работи се променија, треба малку и другата страна да се погледне. Веќе не е тој Милан од пред неколку години, изменета е фудбалска/финасиска карта на Европа. Колку и да имаат вина во управата, не може се да им се препише на нив. Но и тоа не им е алиби, од нив зависи што ке биде.

Е сега, јас не можам така да сум рамнодушен спрема клуб за кој навивам. Ај нека изгубат, нека бидат за никаде, нека се катастрофа, можеби нешто ќе се сменело... за две, три, четири години... а можеби ќе биде тогаш и полошо?! Или кога ќе се расфрлаат со имиња, каков Милан гледале порано, па и јас и другите сме го гледале, па не значи дека се додека не се направи повторно таков клуб треба да сме рамнодушни. Добро, секој со свој памет. Јас го гледам Милан без разлика каков е, и секогаш сакам да има подобар успех. Подобро ЛШ, отколку да пропадне се, па да се надевам дека можеби после неколку години Милан ќе успее повторно да се квалификуваа, а можеби ќе направи и конкурентен тим. Не можам да седнам пред телевизор и да навивам против Милан да не се квалификува во ЛШ, колку и да не ми е можеби тимот по мерка, пак сакам и таков Милан да влезе во ЛШ, повеќе сакам Шарави и Балотели да дадат гол, отколку што ме нервираат Запата, Мексес и Абијати (со се Галијани и Берлускони кои не довеле подобри на нивна позиција), па да нивавам тие да примат некој гол, за демек сите да се освестеле...

Искрено, не сум многу оптимистичен, не гледам како Милан може да земе ЛШ барем во наредните 5 години, но не гледам шанса и за било кој клуб од Италија. Доколку се деси тоа, ке се работи повеќе за инцидент... Помирете се со тоа дека ќе се изначекате да го видите оној стар Милан, кој ќе отиде во Фиорентина и ќе го земе Руи Коста, па ќе тркне до Рим да го земат и Неста.

А и како што пишував во претходниот пост, како одминува време се повеќе ме плаши Берлускони. Доколку не му штети на клубот, на различни начини, тогаш може Милан, барем во Италија да се натпреварува и да освојува титули.

П.С. Најдобро е да успеат да внесат свежи пари... Но и тоа тешко оди. Тешко некој ќе прифати да нема мнозинство, а да даде големи пари. Од друга страна Берлускони ако го продаде клубот, тоа ќе биде за многу пари, кои што тешко некој да ги даде. Гледајте во Интер, за мали пари Морати го продаде поголемиот дел од клубот, Берлу нема шанси за таа сума да го пушти Милан. Многу чини Милан, а потоа ќе треба и нови вложувања, а кој и да дојде ќе сака во пократок рок да ги врати парите што ќе ги вложи.

П.П.С. Фала за поздравот! :)
 
Еве вака, без тупење ќе ти објаснам.
Парите од спонзорите се доволни за Милан со играчи од типот на Ночерино,Констант, Запата,Ѕакардо,силвестре.Дали се доволни за Тиаго Силва,Пасторе и тн? Не се доволни за звучни имиња. Па колку сака нека бидат поголеми од лани. Што логично значи дека има проблем у финансиите, кои се предизвикани од неколкугодишниот пад кој го има Милан.
И никаде не зборам за мега трансфери. И да, не правев конкретен муабет за спонзори, туку целокупна финансиска политика на милан(продажби,карти и тн, што значително се намалени), а ти незнам зашто го сврте на спонзорите.
Парите од спонзорите се проблем, спореди ги колку беа пред 2-3 години, па колку се сега.
И остај берлускони, ја после вас го спомнав берлускони. Стриктно зборев за тоа како лошите игри ни влијаат врз кешот кој го зимаме (од милион страни), а ти се фати за спонзори.
И ај размисли, еве на пример ти си менаџер на Sony или Mercedes. Дали би го спонзорирал Милан или Реал каде што една обична реклама од Кристијано Роналдо е гледана миљарда пати на јутуб и предизвикува дебата низ цел свет, или полуфинална утакмица Реал-Дортмунд која е гледана ширум светот од 500 милиони луѓе (поради тоа што е полуфинале на ЛШ), или кога знаеш дека секад стадионот им е испунет со 70 000 души за разлика од нашиот просек кој е нешто повеќе од половина (38 000), или пак 1/8 финале у ЛШ у кое што се знае дека Барса без проблеми ќе не помине??
Може не е адекватен примерот, ама сфаќаш што сакам да ти кажам - Ако Милан е поуспешен и постигнува резултати, освојува титули, привлекува публика, автоматски и ќе имаме поголема заинтересираност за инвестирање и спонзорирање, и автоматски ќе можеме да се надградуваме. А со ваква игра и такви дегени од играчи и тренер неможеш да очекуваш дека ќе привлекуваме големи спонзорски договори (зборам у споредба со тимовите кои се у врвот моментално у европа).
И те молам у иднина не се фаќај ко слеп за стап за секој збор што го кажувам, дебатирај за поентата која сакам да ја кажам (исто беше и за Робињо муабетот).

п.с Берлускони гледа моментален или краткорочен ќар, не гледа Милан да го направи клуб кој сам по себе ќе егзистира и ќе биде моќен повеќе години, бидејќи од таков Милан тој не гледа личен интерес.Него му е потребен (полу)мизерен милан за да секад кога му е потребен кеш да исценира финансиска нестабилност и со продажба на најдобрите играчи си ги покрие трошоците кои сам ги има предизвикано поради развратниот живот што го води, притоа не надокнадувајќи ја адекватно продажбата на најдобрите играчи.
--- надополнето: 26 октомври 2013 во 00:29 ---
па истото ти го викам што сеа го кажа...парите од спонзори се доволни за да опстои тимот само...а не за мега трансфери...
А за спонзорствата до толку да паднат и ептен да се влошат милан треба да е мизерен 10тина сезона а не само 2....
За посетеноста сегде е таква во италија...На јувентус е пун стадионот да ама и капацитетот му е негде 40 000 само ...исто колку и сан сиро што има негде отприлика само што сан сиро има 80 000 седишта...ете јувентус не се во криза а посетеноста им е иста ...значи зборам по број на фанови...

И се разбира дека ако е поуспешен клубот повеќе приходи ќе доаѓаат...ама за до толку да паднат да е лоша ситуација од спонзорствра треба доста голем период да помине на стагнација....

И па на крај потврдуваш истото што го кажав...дека во Берло е проблемот... :) на крај истото го збориме само на различен начин..
 
Балотели со нова фризура,иако на прв поглед личи ко Траоре :sneaky:
1392846_704769249550506_1122748210_n.jpg
 
Балотели со нова фризура,иако на прв поглед личи ко Траоре :sneaky:
1392846_704769249550506_1122748210_n.jpg

заличи на човек, аман од тоа бананите на глава, треба да им забранат на сите, иначе коа се враќа ел шарави, пишува дека за 4 дена...
 
Amelia, Coppola, Gabriel, Abate, Constant, De Sciglio, Silvestre, Vergara, Zaccardo, Zapata, Birsa, Cristante, Emanuelson, De Jong, Kakà, Montolivo, Muntari, Poli, Saponara, Balotelli, Matri, Niang, Robinho.
 
иначе коа се враќа ел шарави, пишува дека за 4 дена...

завчера мислам беше пишуваше дека има уште 10-20 дена.. што значи негде за недела до две најкасно..
 
Чисто за да ги прекинам споредбите на повредениот Шарави со повредениот Пато, кои се уште во зачетокот и као да ми мириса дека ќе почнат кад-тад.
Да нагласам дека Шарави моментално лечи мини-фрактура на стопалото и тоа нема никаква врска со повредите кои ги влечеше Пато.
 
Ако треба уште месец дена нека паузира ама нека ја залечи повредата ко што треба бидејќи не е баш наивна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom