Еве вака, Милан можеби е најдобар у Италија (што чисто сумњам, но еве ај да прифатиме дека е така), пред се поради тоа што не сме вложиле на трансфери, т.е ни пола од тоа што другите конкуренти го вложија (да да, и Интер се брои тука).
Не го оценувам галијани како си ја врши работата. Само сакав да објаснам како лошите/слабите игри последниве две години се одразуваат врз финансиите. И фактот што сме најдобри у Италија на тој план не ги праи работите подобри у никој случај. Еве на пример, Милан не верувам дека ќе освои титула овааа година. Да речеме дека Јувентус ќе освои(на пример) Серие А, автоматски им се зголемени приходите доста повеќе (де ради публика, де ради маркетинг, де од федерации, уефи, бонуси од спонзори и разне пичке материне), и автоматски си и повеќе пари за трансфери. Али тоа го земаш у предвид ?
И токму тоа што го напомена ти со Фининвест, сакав да го кажам и јас. За мене тоа е класично силување на клубот од страна на берлускони, што несмее да се случи, па макар и господ бог да е.
Плус, ај што ги продаде Ибрахимович и Силва, тој ни 10 % од продажбата не ги употреби на нови играчи.
А и милан не троши за играчи повеќе отколку што прима од продажби (ова лето и неколку уназад беше така, со тоа што некои лета од продажби земаме пример-50 милиони а вложуваме 10 ).
Берлускони знае што е бизнис, знае како да се менаџираат фирми и такви срања, ill give him that. Ама џабе му е све тоа кога 95% од денот не размишља он, туку спермата што го удира у глава 24/7. Еве последно нешто што читав(незнам дали е точно или шпекулација) е дека на бившата му жена ќе и исплаќа 1.8 милиони долари/евра месечно. Џабе му е способноста да менаџира кога тој има 2-3 трансфери од 15 милиони дадено на жени,поткупи на медиуми,судски спорови, адвокати и што уште не, и тоа само последниве неколку години.
Еве земи ги за пример Наполи, го продадоа Кавани,Лавеци, и за тие пари купуваа доста играчи(може да се каже дека солидни замени им најдоа, ако не и повеќе од тоа). Ако ништо друго ризикуваат дечкиве. И мислам дека ќе им се исплати. А ние што праиме? Ги продаваме Кака,Шева,Ибра,Силва - од замени ни трага ни глас. Тука е проблемот. Освојувавме титули у ЛШ, засилувања подмладувања само на зборови. И тука беше најголемиот кикс.
За последниот пасус - ја точно, искрено мислам и мислев дека ќе беше подобро Милан да не се пласира оваа година у ЛШ од две причини - прво, беше незаслужено после таква ланска сезона со непостоечки пенали и судиска помош да се пласираме. Второ, бидејќи тоа е единствениот начин милан да престане да преживува на апарати неколку години, и дека порано или покасно ќе излезе на површина дека НЕВОЗМОЖНО е на ваков начин милан да стане реномиран клуб и да се врати на стари патеки. Зашто мислев и мислам така? Веројатно тоа ќе значеше дека Милан не би можел вака да егзистира повеќе, ќе им дојдеше веројатно на газдиве дека вака не иде. Којзнае можеби ќе се отпуштеше алегри, ќе кренеа некако работите. Тоа ќе беше како клуч кон порадикална промена у целата структура на Милан. А вака, ако со крпење мислат дека ќе го опраат клубот, нека не се ни надеваат.
Мислам дека фијаското ни е неизбежно, но прашање е што ќе следува после тоа? Реставрација на клубот или ќе продолжиме со просеци да бидеме у кома.
-Знам дека ако милан се пласира(ше) у ЛШ дека ќе продолжиме да бидеме у бесознание со едноставно преживување како небитен клуб у европа, или со евентуално непласирање да се реинкарнираме или комплетно да згаснеме.
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 23:37 ---
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 23:47 ---
Да, Милан у 2000те така правеше. Ама земаа еден талентиран Пирло, докажан Сидорф, искусен и докажан Стам, светска класа Кафу,Креспо(доволно е името), и Бекам,Роналдињо и Роналдо кои ни донесоа и те како големи приходи само поради нивните презимиња на нашиов дрес. Ете тоа е разликата.
А сега земаме проблематичен сомнителен и недокажан Рами, Хонда кој има незадоволителна минутажа у ЦСКА, Мунтари, љубимецот Матри, нема-кој-друг-освен-Запата, и секад актуелните браќа Џеновани.
Сега еве на пример актуелен беше Јанузај, дали вие мислите дека у некој паралелен универзум таму некаде Милан би го привлекол Албанчево да дојде кај нас од Јунајтед? Тогашниот (од 2000те) Милан и те како беше способен и моќен да донесе таков тип играчи, ама тогаш тоа име значеше нешто. Сега смрди на Матри,Мунтари,Констант.
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 23:55 ---
не реков дека немаме спонзори, ме читаш уопште?
Реков дека НАМАЛЕНИ се приходите од спонзорите. Што мислиш да имаше пари ќе беа дрвана у тим? - НЕ. Значи дека имаме
намалување у приходите (делумно заради нефинансирање на Берлускони, ДЕЛУМНО ради лошите игри и резултати севкупно).
А колку пари се потребни за да опстане милан (ваков каков што е) сам процени. Самиот факт што неможеме да си дозволиме плата поголема од 5 милиони кажува колку се големи приходите и парите од спонзорите. Да беа поголеми приходите ќе можевме и поголеми плати да издржуваме, ама штом неможе да си дозволиме играч со 5+ милиони плата у тим, одма ти све станува јасно. Капиш?
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 23:59 ---
п.с Голем поздрав до оние кои ме прочитаа до крај