Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Го глеате ли Бонера дебилот, наивна грешка у додавање ..од таму следи контра на Палермо
и игра со рака на Запата, чист црвен картон.. али го поштеди судијата :)
Добиваме таму каде што можеме.. Ако ЛШ ништо не ни даваат овде даваат.. Пеналот дискутабилен а и црвен чист Запата. Да не го фатам на очи ама Монтоливо последниве утакмици е станат ѕверотина!Многу јако игра човекот секоја чест,само нека продолжи вака!! :)
 
Досадно полувреме у курац, мора да се даде уште некој гол.
Боатенг невидлив, сезонава 2 добри партии изигра против Барса и толку.
Бонера си е Бонера... Фламини слабо исто.
Абате 0/10 нафрлувања ако немаше глава сечам. :icon_lol:
 
3 кола без примен гол :D
Абате го чека клупа и тоа долго време ќе спие на неа додека не се научи што е тоа центаршут . Си мисли дека е на куглање сите играчи ги погоди.
 
Коментаторот на телма телевизија: Балотели - Палермо 2-0 :D сум се згазил од смеење
 
:pos: ... швркнати се коментаториве на телма , ама најбољи се од сите :D

го знаат фудбалот во италија како азбуката преку 10 години коментираат..

денеска слаба игра но ја чувавме топката а имаше и некој опасни акции на Палермо поради грешките на мудриот..Шиљо го изеде Иличич не го помина ниеднаш исто и Монтоливо мислам дека они двајца изиграа најдобро, Фламини аман доста плукате по него он не е за давање голови туку е деструктивец во Арсенал играше и бек што чекате вие голови да дава? Алегри игра со двајца копачи и одат во напад што е нормално така да не се очекува од нив многу тоа е кога го нема Де Јонг мора да игра таму Монтоливо друго е со него.
Незнам овој Траоре го спремаат ли за продавање што го игра пред Ночерино или што е работава, човеков веза нема нека го продадат за 1-2 милион во Турција некаде кај го сакаа и готово..исто и Анте не го дадоа во Русија за да седи на клупа или па да си игра со Примавера..сега летоска чекаат кога ќе му падне цената :)
 
Добиваме таму каде што можеме.. Ако ЛШ ништо не ни даваат овде даваат.. Пеналот дискутабилен а и црвен чист Запата. Да не го фатам на очи ама Монтоливо последниве утакмици е станат ѕверотина!Многу јако игра човекот секоја чест,само нека продолжи вака!! :)

Зошто после секој натпревар ве има некои кои секогаш барате нешто за да мрчите, а не се задоволите едноставно со три бода? Посебно кога веќе неколку месеци континуирано клубот има добри резултати. А и за натпревар кој доаѓа после гостување во Барселона.

Пеналот беше чист, освен тебе не сретнав некој друг да каже дека ова не било пенал. За раката на Запата може да се дискутира. Но, далеку од тоа дека имало тенденциозно судење во корист на Милан. Пеналот што го доби Наполи е многу повеќе дискутабилен од овој врз Балотели, дали прекршокот на Зунига беше во шеснаесетникот?

Не може секој натпревар да гледаме феноменален фудбал, ниту шампионска екипа не го прави, а не па овој Милан од кој се вади максимум. Доѓа пеколот со Фиорентина, Наполи и Јуве, па нема потреба на секоја победа да се гледа во заби. Како знаат и против Киево нека извлечат три бода, дали ќе биде тоа шампањ фудбал или копачки, во овој момент е најмалку важно.
 
Ел Шабани се наапа кога ог извадија :) директно отишол во соблекувална не на клупа, Амелија сакал да го задржи но не успеал..комедии :icon_lol:
 
Денес најважно беше да се освојат 3те бода и да се врати самодовербата после утакмицата со Барса,а играта беше во втор план.Иако и играта не беше лоша затоа што не им дозволивме посериозно да се заканат плус во најголем дел од натпреварот имавме одлична контрола над топката.Се на се задоволен сум од денешната утакмица и не би имал ништо против ако и со Киево освоиме 3 бода со ваква игра.

Тоа што бодеше очи е позицијата на Боатенг на која што никако не се снаоѓа и Бонера.Боатенг се гледа од авион дека не е за таа позиција и на ваквите утакмици треба да игра во средина,а ако играше таму за да му се даде одмор на Нианг и подоцна Ел Шарави тогаш оправдано е неговото играње на таа позиција.Бонера е играч за кој што веќе немам зборови.Таква несигурност во целата одбрана не носи ни просечен играч од 3та лига јужен регион во Занзибар.Цела среќа е што Запата изигра за двајцата инаку сигурно примавме гол.Кога веќе го спомнав Запата мислам дека ќе треба да биде откупен затоа што од кога доби шанса во првиот тим па се до овој натпревар игра на високо ниво и моментално е нашиот најдобар играч на таа позиција.Де Шиљо и посебно Монтоливо каква утакмица изиграа денес...:cuc:Балотели стандардно добар и веројатно најзаслужен за победата,а добра партија изигра и Мунтари.

п.с Дури сега ми е јасно зошто лани Ибра го шамараше оној муфљузот Ароника.
 
556832_474431112610505_317158659_n.jpg


(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom