Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Не ти викам дека ако се искомерцијализирани дека ќе бидат страшни у милан, нити пак викам дека треба да даваме по 50 милиони за некои младичи од бразил или било каде. Ама веруј, ериксен и стротман се такви играчи што би успеале , башка двајцата би можеле да ги земеме за 20ина милиони. дека од секое дрво дудук не бива. ЗАТОА патиме ние, пошто сакаме секој нискоразреден играч да го напраиме да биде мултиталент
На пример ако се купи нејмар за 40-50 милиони е смешно и преценето, ама друже бе неможе секој играч од серие б да биде некој и нешто. да се разбереме.
Да имаш 21-22 години и да играш у Ајакс/ПСВ па да играш у Бреша/Салернитана/Емполи има огромна разлика.
Океј е за пирло гатузо и сличните такви кои ги земавме за мали пари, секоја чест и браво.
Ама ај анализирај ги сите утки од играчи што сме ги имале(купени за мали пари) да незнаеш од каде да почнеш - антонини,абате,фламини,емануелсон (да не почнам да ги бројам оние пред 4-5-6 години такозвани ефтини младичи од типот вуидез,гуркуф и тн), да не зборам за постарите играчи 30+ (незаменливиот БОНЕРА)...
Не е целта да се изгради јак милан, ако сакаше да се изгради јак милан барем 15,20,25 милиони ќе се уложеа (што се и повеќе од доволни), не барам ја да фрламе пари како сити,псж,челзи,реал...
Целта е да се купат млади играчи за 2-3 милиони и од нив некој ќе се погоди и ќе биде продаден за 40 милиони, и ќе се кука после како се немало пари и такви глупости(ова искуството го кажува бидејќи Кака,Шева и Силва беа така кукавички продадени, зашто мислиш дека за 5 години нема да се повтори тоа со некој нов изграден играч). Тоа сакам да го кажам, а дали ќе купат ефтини/скапи млади играчи тоа е до нив, и колку тие ќе се вклопат у милан тоа е задача за скаутите/тренерите.
И веруј, милан да имаше на располагање да троши 50-60 милиони за трансфери, МИСЛИШ дека некогаш би погледнале играчи од втора лига? - никако.

За 20ина милиони Стротман и Ериксен заедно? Тогаш кога пола Европа ги бара? Тогаш кога некојси Лукас Моура вреди 30 милиони?
И ајде искрено... Колку пати си го гледал Стротман? Ериксен претпоставувам 2-3 пати во Ајакс во ЛШ.
Ти си озбилен дека 10-15-20 милиони ДЕНЕСКА се доволни за да ИЗГРАДИШ јак Милан? Во случајов збориме за јак по стандардите на фудбал-менаџер играчите.

Од друга страна, Милан и тоа како покажал дека знае да вложи пари. Знаеш Шарави вкупно колку е платен? Боатенг знаеш? Робињо? Пато?

Ај вака да тргнеме. Пола Сапонара колку го купија? 4 милиони. Де факто цел е 8 милиони, што според твојата проценка го прави горе-доле еднаков по цена со Стротман/Ериксен. ( затоа што 20 милиони се доволни за Стротман + Ериксен, ај двајцата по 10 нека коштаат, а знаеш дека не е така) Само разликата е што Сапонара се расплакал кога слушнал дека ќе игра за Милан, а на Ериксен животна желба му е Манчестер.

Треба што побрзо да прифатите дека Милан во догледно време нема да може често да си дозволува такви трошења и ќе се обидува со минимум влог, да извади максимум квалитет. Тоа е ужасно тешко најверојатно, ама ние сме навивачи, а управата заслужува кредити.
Јас тоа го прифатив и затоа пробувам да најдам позитивна работа во се ова што се дешава.
Нема што да ги колнеме. Кога можеа купуваа играчи по 35 милиони, сега-засега не можат и тоа е тоа.

Ќе речеш...Ако нема пари Берлускони да дава, нека го продае тимот. Ама друже, тоа е комплексна работа и операција за која ние појма неаме. Јас не знам колку пари има Берлускони и кои му се плановите со неговите финансии.

Не знам колку коштаат тие курвите негови, кајшто ги троши парите од Милан, ниту пак на жена му колку му должи.

Ама знам дека ако некој губи од слаб Милан - губи Берлускони. Губи многу појше од нас.
Ако некому му одговара јак Милан - му одговара на Берлускони. Тој и добива многу појше од нас.

Тие муабети дека го чувал за да ја финансира жена му и курвите се (да извиниш на изразов) имбецилни.

Затоа се надевам дека даваат се од себе за да го средат Милан, а Шарави, Де Шиљо, па дај Боже и Балотели ни даваат одлична основа за надеж.
 
Кое црно трето место бе.....

:icon_lol:
Зашто сте бе толку хејтери мајкаму стара ,утре ако тепаме идеме на -6 со Лацио,башка и имаме ден долг со Лацио мегусебно ,што знаци дека уште 1-2 кикса на Лацио до крај и тоа е тоа ...имај во предвид дека каков таков Милан е во најдобра серија во моментов после Лацио...
 
Овој Антонели добар може да им се лапне на браќава и за возврат да им се даде некое дрво. :icon_lol:
 
Зашто сте бе толку хејтери мајкаму стара ,утре ако тепаме идеме на -6 со Лацио,башка и имаме ден долг со Лацио мегусебно ,што знаци дека уште 1-2 кикса на Лацио до крај и тоа е тоа ...имај во предвид дека каков таков Милан е во најдобра серија во моментов после Лацио...
Не се заебавајте какво трето место.....
 
нема 3то место ќе бидеме последни ќе испаднеме у серија Б....

tumblr_lfskbtLUR51qbs1cu.gif
 
За 20ина милиони Стротман и Ериксен заедно? Тогаш кога пола Европа ги бара? Тогаш кога некојси Лукас Моура вреди 30 милиони?
И ајде искрено... Колку пати си го гледал Стротман? Ериксен претпоставувам 2-3 пати во Ајакс во ЛШ.
Ти си озбилен дека 10-15-20 милиони ДЕНЕСКА се доволни за да ИЗГРАДИШ јак Милан? Во случајов збориме за јак по стандардите на фудбал-менаџер играчите.

Од друга страна, Милан и тоа како покажал дека знае да вложи пари. Знаеш Шарави вкупно колку е платен? Боатенг знаеш? Робињо? Пато?

Ај вака да тргнеме. Пола Сапонара колку го купија? 4 милиони. Де факто цел е 8 милиони, што според твојата проценка го прави горе-доле еднаков по цена со Стротман/Ериксен. ( затоа што 20 милиони се доволни за Стротман + Ериксен, ај двајцата по 10 нека коштаат, а знаеш дека не е така) Само разликата е што Сапонара се расплакал кога слушнал дека ќе игра за Милан, а на Ериксен животна желба му е Манчестер.

Треба што побрзо да прифатите дека Милан во догледно време нема да може често да си дозволува такви трошења и ќе се обидува со минимум влог, да извади максимум квалитет. Тоа е ужасно тешко најверојатно, ама ние сме навивачи, а управата заслужува кредити.
Јас тоа го прифатив и затоа пробувам да најдам позитивна работа во се ова што се дешава.
Нема што да ги колнеме. Кога можеа купуваа играчи по 35 милиони, сега-засега не можат и тоа е тоа.

Ќе речеш...Ако нема пари Берлускони да дава, нека го продае тимот. Ама друже, тоа е комплексна работа и операција за која ние појма неаме. Јас не знам колку пари има Берлускони и кои му се плановите со неговите финансии.

Не знам колку коштаат тие курвите негови, кајшто ги троши парите од Милан, ниту пак на жена му колку му должи.

Ама знам дека ако некој губи од слаб Милан - губи Берлускони. Губи многу појше од нас.
Ако некому му одговара јак Милан - му одговара на Берлускони. Тој и добива многу појше од нас.

Тие муабети дека го чувал за да ја финансира жена му и курвите се (да извиниш на изразов) имбецилни.

Затоа се надевам дека даваат се од себе за да го средат Милан, а Шарави, Де Шиљо, па дај Боже и Балотели ни даваат одлична основа за надеж.

ало друже цел пост ти е шпекулации. Значи од старт ти е грешка дека мислиш ко ја да сум од оние кои сакаат арапи у милан, што само ако милан купуе некој суперстар таленти што имаат 90ка на менаџер ќе бидам среќен и за се хејтам. НЕ!
2. не ми збори колку сум ги гледал двајцата(ериксен и стротман), посебно не откога никад(ова сигурно) не си ни чул за сапонара, нит си го глеал а ипак сметаш дека типот ќе блесне и цела кариера ќе остане и ќе игра у милан.
3. Незнам кај ти е паметот да мислиш дека човекот кој ја упропасти цела италија го сака милан, и дека пак ќе го врати на врвот? Го боли курот за милан, најбитни му се парите.
4. Како можеш да бидеш оптимист жити мене? Кажи ми, сакам и ја да сум оптимистичен за милан.
 
Ако тепамо утре колку ќе му се доближимо на Јуве ?? :pos:

Пс. Анелка дал гол ?? :icon_lol:
 
ало друже цел пост ти е шпекулации. Значи од старт ти е грешка дека мислиш ко ја да сум од оние кои сакаат арапи у милан, што само ако милан купуе некој суперстар таленти што имаат 90ка на менаџер ќе бидам среќен и за се хејтам. НЕ!
2. не ми збори колку сум ги гледал двајцата(ериксен и стротман), посебно не откога никад(ова сигурно) не си ни чул за сапонара, нит си го глеал а ипак сметаш дека типот ќе блесне и цела кариера ќе остане и ќе игра у милан.
3. Незнам кај ти е паметот да мислиш дека човекот кој ја упропасти цела италија го сака милан, и дека пак ќе го врати на врвот? Го боли курот за милан, најбитни му се парите.
4. Како можеш да бидеш оптимист жити мене? Кажи ми, сакам и ја да сум оптимистичен за милан.

Кога се збори за млади играчи кои ќе ги купува Милан, се мисли најчесто на тие кои што уште не станале ѕвезди, затоа што проблем се парите, а сите тие ѕвездички имаат набилдано цена. Затоа и нормално е повеќето од играчите кои ќе бидат купени да не се толку познати, посебно за нас кои што ги пратиме само најсилните лиги, а и најдобрите клубови. За Ериксен, Стротман, сигурно првин си слушнал од медиумите, па потоа си им обратил внимание. Милан треба да биде побрз, да ги собере талентираните играчи пред да станат ’млади фудбалски ѕвезди’ и да достигнат огромна цена. За Стротман се пишуваше дека клуб од Англија нуди 20 милиони фунти. Можеби тоа е шпекулација, но и твоето дека двајцата можат да ги земат за 20 милиони евра е исто шпекулација.

И не се овие толкави анонимуси, посебно Сапонара. Него го имам гледано во Италија У-21, беше и спомнуван од медиумите во Италија како голем талент, а знам и дека Интер преговараше за него. А колку ти беше познат Шарави?

Берлускони најмногу се сака самиот себе. Тоа досега беше предност за Милан. Затоа што тој е човек кој сака се да се врти околу него, сака да се зборува се најдобро за него, да биде човек кој освоил најмногу титули, кој направил она, направил ова. Токму тој негов егоизам и желба за себепромоција беа добри за Милан. Сака да биде славен, до неговото име да стојат успеси, што значи дека и Милан треба да биде успешен. Барем така беше до сега. Дали тој ќе купува (или купувал) играчи затоа што сакал така да добие симпатии кај народот, а тоа да го капитализира на избори не е мој главен проблем. А најдобар начин за тоа колку некој претседател го сакал својот клуб е да се погледне во просторијата каде што тој клуб ги чува своите пехари.

И ако му е само до пари, тогаш зошто не го продаде клубот? Можеби сте во право дека на Берлу не му е гајле за Милан, но во тој случај тој ќе го продадеше. Значи, или нема заинтересирани купувачи или Берлу го сака клубот повеќе од што мислите. Ако навистина нема купувачи, тогаш мислам дека е доста сериозна работата, значи дека Италија воопшто не е атрактивна, а посебно скап клуб како Милан. Тоагаш на сите ни останува да се надеваме само на Берлускони.
 
Почнувате да ја какате со Шарави (y)Премногу го форсирате,Роналдо да го имавме немаше толку да го фалите.. Да не заборавиме дека има 20 години и треба уште да се надоградува! :)
 
Enrico Preziosi: " Želeo bih da podsetim da je Milan izgubio scudetto prošle sezone zbog sudijskih odluka u korist Juvea i Conte nije ništa rekao. Conte mora da prestane jer je arogantan i uvek plače."

Тоа е нашиот Брат...

Enrico Preziosi uno di noi :icon_lol:
 
Почнувате да ја какате со Шарави (y)Премногу го форсирате,Роналдо да го имавме немаше толку да го фалите.. Да не заборавиме дека има 20 години и треба уште да се надоградува! :)

Значи, треба да биде уште подобар. :)

Не ја ’какаме’ ние со Шарави, туку на вас мрчаторите ви е трн во око, затоа што вие сакате се да е негативно, а тој не влегува во таа ваша шема.
 
Вчера гледав Бари - Асколи и тој Симоне Заза за кој што се интересиравме одличен беше вчера. Многу јако дрибла а и гол даде, нега го земат и во лето да дојде.
Игра на позиција напаѓач и е во сопственост на Сампдорија.

едит:


Пресиози: Само да потсетам дека Милан лани ја загуби титулата поради одлуки кои беа во полза на Јувентус на пример како голот на Мунтари, но тогаш Конте не рече ништо. Тој мора да престане да плачи и да не биде арогантен!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom