- Член од
- 14 октомври 2007
- Мислења
- 2.674
- Поени од реакции
- 2.731
Не ти викам дека ако се искомерцијализирани дека ќе бидат страшни у милан, нити пак викам дека треба да даваме по 50 милиони за некои младичи од бразил или било каде. Ама веруј, ериксен и стротман се такви играчи што би успеале , башка двајцата би можеле да ги земеме за 20ина милиони. дека од секое дрво дудук не бива. ЗАТОА патиме ние, пошто сакаме секој нискоразреден играч да го напраиме да биде мултиталент
На пример ако се купи нејмар за 40-50 милиони е смешно и преценето, ама друже бе неможе секој играч од серие б да биде некој и нешто. да се разбереме.
Да имаш 21-22 години и да играш у Ајакс/ПСВ па да играш у Бреша/Салернитана/Емполи има огромна разлика.
Океј е за пирло гатузо и сличните такви кои ги земавме за мали пари, секоја чест и браво.
Ама ај анализирај ги сите утки од играчи што сме ги имале(купени за мали пари) да незнаеш од каде да почнеш - антонини,абате,фламини,емануелсон (да не почнам да ги бројам оние пред 4-5-6 години такозвани ефтини младичи од типот вуидез,гуркуф и тн), да не зборам за постарите играчи 30+ (незаменливиот БОНЕРА)...
Не е целта да се изгради јак милан, ако сакаше да се изгради јак милан барем 15,20,25 милиони ќе се уложеа (што се и повеќе од доволни), не барам ја да фрламе пари како сити,псж,челзи,реал...
Целта е да се купат млади играчи за 2-3 милиони и од нив некој ќе се погоди и ќе биде продаден за 40 милиони, и ќе се кука после како се немало пари и такви глупости(ова искуството го кажува бидејќи Кака,Шева и Силва беа така кукавички продадени, зашто мислиш дека за 5 години нема да се повтори тоа со некој нов изграден играч). Тоа сакам да го кажам, а дали ќе купат ефтини/скапи млади играчи тоа е до нив, и колку тие ќе се вклопат у милан тоа е задача за скаутите/тренерите.
И веруј, милан да имаше на располагање да троши 50-60 милиони за трансфери, МИСЛИШ дека некогаш би погледнале играчи од втора лига? - никако.
За 20ина милиони Стротман и Ериксен заедно? Тогаш кога пола Европа ги бара? Тогаш кога некојси Лукас Моура вреди 30 милиони?
И ајде искрено... Колку пати си го гледал Стротман? Ериксен претпоставувам 2-3 пати во Ајакс во ЛШ.
Ти си озбилен дека 10-15-20 милиони ДЕНЕСКА се доволни за да ИЗГРАДИШ јак Милан? Во случајов збориме за јак по стандардите на фудбал-менаџер играчите.
Од друга страна, Милан и тоа како покажал дека знае да вложи пари. Знаеш Шарави вкупно колку е платен? Боатенг знаеш? Робињо? Пато?
Ај вака да тргнеме. Пола Сапонара колку го купија? 4 милиони. Де факто цел е 8 милиони, што според твојата проценка го прави горе-доле еднаков по цена со Стротман/Ериксен. ( затоа што 20 милиони се доволни за Стротман + Ериксен, ај двајцата по 10 нека коштаат, а знаеш дека не е така) Само разликата е што Сапонара се расплакал кога слушнал дека ќе игра за Милан, а на Ериксен животна желба му е Манчестер.
Треба што побрзо да прифатите дека Милан во догледно време нема да може често да си дозволува такви трошења и ќе се обидува со минимум влог, да извади максимум квалитет. Тоа е ужасно тешко најверојатно, ама ние сме навивачи, а управата заслужува кредити.
Јас тоа го прифатив и затоа пробувам да најдам позитивна работа во се ова што се дешава.
Нема што да ги колнеме. Кога можеа купуваа играчи по 35 милиони, сега-засега не можат и тоа е тоа.
Ќе речеш...Ако нема пари Берлускони да дава, нека го продае тимот. Ама друже, тоа е комплексна работа и операција за која ние појма неаме. Јас не знам колку пари има Берлускони и кои му се плановите со неговите финансии.
Не знам колку коштаат тие курвите негови, кајшто ги троши парите од Милан, ниту пак на жена му колку му должи.
Ама знам дека ако некој губи од слаб Милан - губи Берлускони. Губи многу појше од нас.
Ако некому му одговара јак Милан - му одговара на Берлускони. Тој и добива многу појше од нас.
Тие муабети дека го чувал за да ја финансира жена му и курвите се (да извиниш на изразов) имбецилни.
Затоа се надевам дека даваат се од себе за да го средат Милан, а Шарави, Де Шиљо, па дај Боже и Балотели ни даваат одлична основа за надеж.