Цело време прашував директно и индиректно... Од каде па тоа дека Стротман и Ериксен ти гарантираат поголем успех од Саломон и Сапонара? Само затоа што се збори за нив, што се искомерцијализирани и што поради тоа цената до небо им е стигната? Соломон и Сапонара се полоши решенија само поради тоа што доаѓаат од Серие Б, од некојси второразредни екипи и досега не се шпекулирало со нив?
Скапо платени и често спомнувани имиња многу појше гарантираат успех од овие гревчињава од Бреша и Емполи кои никој не ги збори а?
Сакаш на Торес да те потсетам? На Шевченко во Челзи, Кака во Реал и мал милион други кои биле баснословно платени, а не гарантирале успех? Сакаш да те потсетам на пола Тотенхем кој троши дупло од Милан, а се мрцвари низ Премиер лига? Да не е дупло бољи случајно од Милан со тоа што купува преценети и напумпани играчи?
Или сакаш обратна ситуација да ти спомнам... Кој имаше слушнато за Пирло и Гатузо пред да дојдат во Милан? За која цена беа земени? Кака? За Шарави и Шиљо во кои се колнеме сега како ќе ни бидат стубови во екипа за наредни 10 години кој имаше слушнато? Не беа слично така донесени?
За таа теорија која упорно ја повторувате како ќе се продавале коа ќе кренеле цена... Неколку такви трансфери покажале дека Милан ги дал тие играчи баш во моментот кога се исцедени и више немаат што да понудат. Кака и Шева ти се пример. Силва е големо прашање зошто од ова досега, ако следиш случувања околу ПСЖ, навивачите не се многу задоволни. Си даде 2 автогола, не многу убедливи настапи и на неколкупати се повреди, последниов пат на пауза од 2ипол месеци со повреда е. Тек треба да се видат импликациите од неговиот трансфер.
Јас немам ништо против тоа, играчот да дае за Милан се што може, да не однесе на врв, па после да биде продаен.
Тоа што парите добиени не се трошат е друг муабет, ама па тоа што после секое такво заминување во Милан има некој кој блеснува и ја крева таа цена, е трет и многу битен. Покажува баш зрелост во менаџирањето со финансиите. Барем за финансиите ги бива!
И многу битна работа. Странците обично ги наоѓа тоа. Ретко кој од италијаницте прави таков трансфер, од јасни причини. Барем засега. Затоа и сакам што појше италијанци во Милан.
Се согласувам дека добра чистка комотно може да се смета за некаков успех и предлагам, после завршувањето на роков, пак да се собереме да изгледаме некоја утакмица и да испцуеме сето ѓубре кое ќе остане, барем да завршиме работа.