Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Абе ова е супер ама ако веќе носат лев бек нека донесат класа лев бек !

Сеа да донесат некој за 4-5 мил за да изгураме до Јуни,не иде веќе со Шитонини,а за класа бек и замена за Неста ке чекаме до лето,сеа не се достапни тие,и самиот знаеш дека такви играчи не се шиткаат у јануари.
 
Со среќа нека му е на Роналдињо, малце ќе фали ама ќе се навикнем... фала за се што направи за Милан, особено ланската сезона, таман и помислив дека се враќа стариот Рони но сепак ноќниот живот му бил поважен...

Сеа пак ќе носи црвено црн дрес но во друг клуб...

А првиот гол што го постигна во дресот на Милан нема да му забраем никогаш!



- со среќа нека му е и на Огучи, нека се покаже во Твенте во најдобро светло ;)
- и добредојде Ели, што побргу во прв тим (ако те бидуе).
 
На Рони му посаквам све најдобро во новиот клуб. Многу ќе ми фали, мојот омилен играч. Требеше да си стои во форма и да не си ја уништи кариерата заради ноќниот живот со што би бил достоен за на клупа да седе кај нас али ето тоа е. Све најубо му пожелвам.
 
Е ова е човек,а не Бонера и Антонини,фино лепо си се извинува човекот,а и збори за Рони.

Сидорф
 
Е ова е човек,а не Бонера и Антонини,фино лепо си се извинува човекот,а и збори за Рони.

Сидорф

Ништо не ми значи неговото извинувавање брат,ама легенда ни е па мора,реално да не беше и неговата грешка ќе тепавме во Неделата.
 
Ништо не ми значи неговото извинувавање брат,ама легенда ни е па мора,реално да не беше и неговата грешка ќе тепавме во Неделата.

Пеер него му се дешава еднаш а на овие секоја утакмица па не се извиниле никогаш,ја си стојам на тоа дека утакмицата ја изгубивме заради Бонера и Антонини повеќе заради првиот,а не заради Сидорф.
 
Абе ова е супер ама ако веќе носат лев бек нека донесат класа лев бек !

Се сложувам со тебе, од кај го ископаа овој Капдевиља не е кадарен за во Милан, некако тромав и бавен ми изгледа а и мислам дека нема Виљареал да го дадат сега, ама важно забележаа каде е најтенко тргнаа по лев бек.:) На крај ако нема друга опција, од Антонини 100 пати е подобар.
А ако е вистина ова со Босингва за 2 милиони срамота ќе биде да промашат и да не го земат.
 
Ели бил бразилец го споредуваат како Тиаго Силва бил снажен и одличен дефанзивец тој се приклучи во Милан и порано но сега доби ЕУ пасош и ќе може да настапува со Примавера тимот
 
Му посакувам добредојде на Ели
Се надевам брзо ќе заигра за Примавера
 

да се надеваме ќе биде така летоска дека ќе си замине како што и самиот најави дека ќе ја заврши кариерата во Ајакс доста му беше иако предходниве сезони ги играше одлично како и секогаш го даваше максимумот веќе го поминааа годините и треба да ослободи место на помладите..инаку за Ван Бомел не го сакам средина имаме само одбрана еден бек или ништо друго..
 
Поздрав росонери и росонерки ! :)

Прво да искоментирам нешто за утакмицата со Удинезе.
Уште кога ја видов одбраната Антонини-Бонера-Силва-Абате знаев дека ќе паднат најмалце 2 гола
заради грешки што ќе бидат направени од наша лева страна.Уште еднаш Антонини и Бонера ни докажаа
дека не се способни да ги брант боите на Милан.

Во првото полувреме бевме очајни не создадовме ни една асална шанса така да 1-1 беше супер резултат
за нас во 1 полувреме.

Во второто веќе почнавме на личиме на оној Милан на кој што се навикнавме оваа година.Одличноо
почнавме во 2 полувреме создадовме шанси но џабе пак ние бевме екипата која што треба да брка
водство на противникот.Поминаа 10мин од како ја извадивме топката по 2 пат од нашата мрежа и
одново примаме гол 1-3.Сепак не се откажавме од бодовите и тргнавме пак офанзивно и постигнавме еден
гол на среќа.После овој гол некако се врати желбата за игра и постигнавме многу брзо и гола за
3-3.Кога повеќето очекуваа Милан да тргне кон 3те бода Милан прима и четврт гол од играч што на теренот беше неполни 5
минути.Но сепак не се откажаа нашите и постигнаа уште 1 гол за да извлечеме бод од кој треба
да сме задоволни.На крајот Абате да асистираше за Пато а не да шутираше можеше да стигнеме и до
5-4 што би било сосема незаслужено.

Во 18 кола Милан имаше примено 13гола а сега за еден натпревар прима 4 гола што е повеќе од
1/3 од головите шти ги имавме примено пред тоа.

Заклучок: Катастрофална игра во одбраната.Со ваква одбрана можеме да се простиме и годинава
од скудетото.

Решение: Да се донесе лев бек кој не мора да биде класа играч туку играч со кој ќе треба да ја
изгураме оваа сезона и да се најде замена за Неста зошто апла очигледно е дека не можеме да се
потпреме на него.

На Сан Сиро немаме победа од 04/12/2010.Последен пат дома славевме против Бреша 3-0.

На гостински терен Милан годинава игра перфектно последен пораз Во Сериа А ни е на 11/09/2010 од
Чезена 2-0.

Наредните 3 меча ни се прилично лесни... на гости кај Лече па дома со Бари и Чезена.После тоа
следува гостување кај Катанија па дома играме со Лацио и на гости кај Џенова. Ова се мечеви кој
што МОРА да се добијат зошто после следува еден густ распоред каде што имаме и меч од ЛШ.


Фала му на Роналдињо за се што нарпави за нас посебно фала за минатата сезона !
Ониеву не го ни видовме како игра за Милан а си отиде.После они инзворедни партии на светското
мислев дека сезонава ќе добие шанса но ништо не го ни викаа за на утакмици.

Деновиве се шпекулира дека сме заинтересирани за неколку играчи од одбраната.Видоа на мечот со Удинезе
каде е најголемиот поблем на Милан и да се надеваме дека ќе донесат некој дефанзивец зошто со Анте и Мудрецот не ни се пишува
добро.

Ако успеат да го земат Мексес за 5м како што се шпекулираше би било одлично.За Бонера на позицијата стопер е Кока-Кола.
Босингва ако стварно ни е понуден за 2м би било греота да го пропуштиме.
 
^Добредојде назад и се согласувам со се што пиша :)

kiss4e :pos:
 
^^ Собираше собираше и пукна... се исповеда хахах
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom