Играч што најмалу заслужил ваке да е третиран, ни бил лош играч ни па напраел нешто, продај го ако или позајми го ама зошто го тргаш од тим не знам... и Тео исто.
Од сите што тогаш беа во среден ред, Бенасер по неговите карактеристики најмногу ми се допаѓаше, но се покажа како лош човечки материјал.
Милан му даде договор, плус клаузула од 50 милиони, на негово интересирање, затоа што Пеп беше заинтересиран за него и сакаше да има можност полесно да си отиде.
Заредија повреди, две особено тешки, клубот испадна фер во тие моменти. Лани се врати после неколку месеци, почна да игра, иако лошо, нормално, не беше во форма, дојде Консеисао, го смени еден натпревар на полувреме и почна да плаче и да бара трансфер, место да остане, да се труди да му помогне на клубот во борба за ЛШ, како што клубот пстана позади него и го чекаше.
А и претходно веќе почна да изведува, иако повеќе беше по болници отколку на терен.
Го пуштија во ОМ, но км беше скап летово и почна пак да глуми лудило за да го вратат таму. На крај, и со овој потег, клубот пак му излезе во пресрет, го пушти кај Бобан, да проба да спаси што може од кариера, ќе му покрие 60% од плата, да може да игра, да се врати во репрезентација и евентуално да отиде на СП следната година.
Иако овој трансфер е сомнителн, ќе има тука некој ќар за него, агенти и уште некој што учествува во ова.
Последно уредено: