Јас па го имав Пијатек 2+ и 3+

а не знам со која поддршка во напад кога до него ги нема Лазович и Коуаме.
Лаксалт подобра топка му испрати и покорисен е од Сусо и Хакан од кои најмногу се очекува, а тие секој натпревар се полоши.
Што сакате да го седне Хакан на клупа кога тој самиот бараше да остане и да не го продаваат. Да го игра повеќе централно покорисен ќе биде, отколку лево. Ни го игра, а ни го продава.
Конти мораше да влезе, ама по времето во која ја направи првата измена и оние двете измени и влечењето по терен додека да излезат се виде дека и бод е доволно.
Со купување на лево крило шансите за ЛШ ќе беа зголемени за 30%, а вака до крај ќе се менуваат на позициите од 4 до 9 место, наместо да користат шанса и да се доближат и до 3то.
Пакета е спремен само за 60 минути, Бакајоко лош натпревар, а Донарума добар и уште 6 мил нека му покачат. Него оној Раиола го нема нешто да коментира.
Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk