Во едно вакво лето, каде Милан доминира во меркатото и е барем засега апсолутен протагонист во Италија, со оглед на тоа дека купи 9 првотимци, а тоа е цел нов тим, па и имајќи ги имињата и парите предвид, беше ризик фактот дека навивачите ќе почнат да си прават бајрам со паметот. И тоа почна да се дешава.
Верати, Модриќ, Фабрегас. Нормално дека сите ние туку би сакале некој од нив. Ама тоа се различни ситуации од Бонучи. Овие немаат зошто сега да дојдат во Италија и во Милан. Едноставно е главната причина - не/играње ЛШ. Втора работа е што не можеш да ги земеш ни на позајмица ни на одложено плаќање што најверојатно ќе биде случај со Санчес.
И јас би сакал да е позајмица со право на откуп, зошто Санчес барем досега не ме убедил дека ќе стане голем играч. Од друга страна, треба да се има предвид дека притисокот и конкуренцијата во Милан ќе бидат нешто помали од тие во Баерн, а и дека е млад играч кој секако би можел да се препродаде за фини пари каков и да е исходот од неговиот престој во Милан затоа што не верувам дека ќе биде баш дебакл. Во карактеристики, Санчес одговара на Серие А. Физички е силен, добар во дуели и добро додава.
Милан моментално е тим кој игра во квалификации за ЛЕ, а следната сезона најавува дека ќе се бори за влез во ЛШ. Нешто што тек треба да се обезбеди. Тоа треба да се има предвид кога збориме за играчи како Верати/Модриќ/Фабрегас и сл. Овој тим, евентуално засилен со Санчес/друг средњак + класа напаѓач е и појше од солидна основа. Следното лето кога (барем според договорот на Силвио со кинезите) би имале слична финансиска моќ, а во случај да избориме ЛШ, односот на Милан кон мерктатото, а и на големите играчи и тимови кон Милан ќе биде драматично различен.
Така што, одлично работат засега, сеа останува на Монтела. Најмалку ЛШ догодина и следно лето е скроз друга приказна.
Мене недоумица околу Санчес ми е тоа што го гледам како многу сличен тип на играч со Кеси. И не знам дали би играле заедно или го планираат баш за замена на Кеси. Да играат заедно ми нема многу логика, освен ако Монтела го префрли Кеси понапред како што играше во Аталанта во првиот дел од сезоната. А ако го земаат за замена, тек ми нема логика да даеш 40 милиони за замена кога можда појше фали друг тип на средњак.
И се некако мислам дека Бонавентура ќе седи почесто на клупа следна сезона.