Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
На Реал одбраната вчера беше бетер од нашата посебно за вториот гол салата ги направија. :giggle:
Може сега ќе им текне да се засилат во средина со квалитетен играч и крило. Проблем е и нападот, цело лето еден гол од акција не знаат да дадат.
Абот нека се изгуби од тимот, заедно со оној Албертаци.
 
се кладам дека лопез сака да го убие агентот што се договори со милан :icon_lol: тешко на човекот бе.. таман земавме еден асален голман види ни ја скапанава одбрана.. бонера, запата :facepalm::sick:
 
Баш за овие работи зборав кога реков дека кој и да е голман џабе е кога нема одбрана добра. Ова тие исто како генерал да пуштиш во битка без војска.
 
Milan have backed out of the race to sign Cerci (they have informed Torino about it as well). Pandev is still a target for Milan.

BuTbdH4CYAA_Xdi.jpg
 
Наполи ги тепа Барселона, Фиорентина ги тепа Реал а ние неможемо Валенсија...

фалеа доста играчи не зафркавајте плус играа дома Валенсија, оваа одбрана тешко дека ќе заигра повеќе Бонера и Запата нема да бидат стартери туку замени можно е и Запата да си иде..

:D
 
Последно уредено:
Зошто Пандев пред #? За да му дадат 3-4 годишен договор и да има со што да не забавуваат и следните неколку лета. Само што нема да биде Робињо туку Пандев тој од кого ќе треба да се ослободиме, за да ’купиме’ некој друг...

А веројатно е и поевтин...
 
Сакаат да им помогнат на Наполи полесно да се ослободи од него и од Џемаили. :coffee:
 
Тарабат е мароканскиот меси, роналдо, марадона, руи коста и уште миљон други во едно за пандев.
Јас би го земал и пред Черчи и пред сите други крила со кои бевме поврзани. Ако го земат Пандев стварно ќе се усерат на крај, таман колку толку се исчистивме од сметот сеа пак да дојт некој таков и да пренесит и на другите играчи својата неспособност.. Подобро никој да не носат одколку Пандев.
 
Најчесто се вели дека пријателските натпревари, посебно летните подготвителни, не се некој голем показател за тоа што ќе следува во текот на сезоната. Тоа се виде и ова лето, Манчестер Ј. беше одличен на подготвителните, но на почетокот на сезоната беше далеку од добар. Во Шпанија уште не почнало првенството, но Реал иако имаше лоши резултати на подготвителните, доминираше на првиот наптревар кој беше од натпреварувачки карактер, кој носеше титула, па потоа повторно бледо издание против Фиорентина. Мислам дека тие и покрај лошите резултати на подготовите ќе имаат добра сезона.

Дали ова значи дека Милан ќе има добра сезона? Не би се кладел во моментот дека ќе биде така. Но ќе видиме набргу, не само дали ќе победува Милан, туку дали ќе ги покаже и истите слабости.

Милан летово не победи ниту една озбилна екипа. Само од Валенсија изгубија со еден гол, од сите други изгубија со поголема разлика. На четири натпревари (Олимпијакос, Сити, Ливерпул, Валенсија) примија дури 12 гола, а дадоа само 2. А уште полошо е, што ако се сеќавам добро, еден гол е шут надвор од шеснаесетник, а другиот гол кој е постигнат со шут во шеснаесетник е после нафрлена топка од корнер.

Значи, Милан ова лето, против поозбилна екипа, нема постигнато гол после добро одиграна акција, после организиран напад. Или не успеале да стигнат со топка во шеснаестник и да дадат гол!

Целиот тим е склон на киксови. Доста голови примија поради грешка на одбрана, на некој од среден ред или поради кикс на голман.

Ова е резултат и на тоа што тешко се справуваат со пресинг. Стара болка, која е резултат на немање технички потковани играчи во среден ред, но и на доста ограничени дефанзивци кои не знаат да одиграат пас, посебно кога се под пресинг (Запата е најлош во тој сегмент). Рами и Алекс се добри кога е во прашање пас играта, но и двајцата правеа киксови. Можеби тоа се должи и на тоа дека и двајцата се ’тешкаши’ дефанзивци, а еден и многу стар, па им треба време да влезат во форма.

Ако веќе бараме некоја причина зошто од 30 август не би било исто, еден од одговорите може да биде и ова партнерство. Значи, Рами и Алекс да играат на ниво и да се исправи една од причините за лошите резултати.

Понатаму, Милан и кога ја држи топката, дури и на противничка половина е безопасен. Всушност, тука најмногу се гледа недостатокот на тој техничар кој фали во средина. Затоа што играчи кои играат подлабоко во средина не се толку голем проблем, тука може да одиграат Кристанте, Поли и нормално Де Јонг, а тоа да не изгледа лошо. Проблем е што ни фали следен чекор. Па затоа повторно се враќа топката кон дефанзивци или голманот... Или се играат само хоризонтални пасови, во пракса тоа значи пасови во место. Не се освојува нов простор. А со такви пасови, плус она враќање топка кон дефанзивци и голман, внесуваат поглема паника, а и стануваат полесен плен на пресинг... така се прават и грешки многу полесно.

Но, и кога некако ќе успеат да стигнат на противничка половина, а во Италија голем број на тимови нема да играат пресинг, туку ќе го пуштат Милан да дојде на нивна половина и ќе се бранат. Тогаш до израз доаѓа целата безидејност.

Кога се во прашање головите, нешто ни останува да се надеваме на Балотели. Потоа при креирање и голови може да се надеваме на Менез, кој што играш многу малку на овие натпревари, некој нов офанзивен играч кој ќе создава шанси и дава голови (во нашиот случај демек бараа(т) такво крило) или некој играч од средина кој ќе е способен да искреира нешто. Но, јас не видов да не поврзат со таков. Се работи за играч од типот на Иниеста. Нормално, со таков квалитет нема да донесат, но потребен е со такви карактеристики. А со таков нешто не не поврзуваа. Изгледа дека со таква задача сакаат да задолжат некој од тројцата во напад.

Доста се пишуваше дека една од работите на кои ќе се темели играта под Изнаги ќе биде агресивноста и високиот пресинг. За жал, Милан не изгледаше добро ни во тој сегмент од играта. Приметив неколку пати, кога и ќе почнеа добро со пресинг, некако на крај противниците наоѓаа слабост, по што на многу лесен начин стигаа до шеснаесетникот на Милан.

Освен со знаење на играчите да читаат игра, за играње пресинг е потребна воиграност и физичка подготвеност. Па ни останува да се надеваме дека всушност овие слабости што ги покажуваа се резултат на тоа воигрување, а дека и добро работеле кога е во прашање физичката подготвеност.

Значи, подготвителните натпревари не даваат никаков надеж дека Милан ќе има добра сезона, освен ако не се сватат само како подготвителни, па да чекаме резултат на тие подготовки. И Инзаги неколку пати изјави дека се важни натпреварите од 30 август, а се ова е само подготовка за тогаш. Но, како и што пишувавме, распоредот му е уште еден непријател.
 
Последно уредено:
Кој ги учи вака бе да ги молат фановите да купат сезонки карти :tapp:

 
Кој ги учи вака бе да ги молат фановите да купат сезонки карти :tapp:


Кога гледате вакви клипчиња од други клубови тогаш тоа ви е јако а кога ќе видите од Милан тогаш кој ги учи.

:facepalm:
 
Читам последниве денови како се форсира приказната (секако пуштена од клубот) како Милан нема пари за трансфери, се спомнува само сума од 10 милиони. Ова е мачкање на очи. После се што направија од 2012 година, ова приказна воопшто не е за верување. Продадоа доста играчи, се ослободија од доста со голема плата, значи се намалија трошоците, па и покрај тоа што Милан не са пласира во ЛШ, не може да е клубот толку без средства за инвестирање. Ако не поинаку, тоа се гледа во споредба со други италијански клубови, кои заработуваат и помалку од Милан, но и покрај тоа, повторно инвестираат повеќе од него.

И ако успеат да го донесат Черчи, ќе го применат повторно акциониот план ’Грацие Пресиденте’, а всушност и тоа е малку, а јас мислам и далеку од можностите што ги има клубот.

Прават алиби за секакво сценарио, ако не биде ништо да нема некое разочарување, да си ја прифатиме судбината уште сега, ако донесат нешто да креваат еуфорија и да се радуваме што Пресиденте ’останал блуску до клубот’ и не се откажал. :)
 
Сидорф им кажа убаво дека не бива од говна гибаница, они му извадија триста трачеви за да го оправдаат тоа што го избркаа како куче, сигурен сум дека после ова, се што ќе направат е ќе го упропастат Пипо како лик во очите на секој навивач на Милан и ќе го уништат како тренер уште не почнат како што направија и со Сидорф.

Овој трансфер период е непоправлив, од овој момент натака нема веќе што да се донесе а тоа да не е Џемаили, Пандев или Черчи. Ако после ова не се истовари цел стадион пред таа новата зграда што ја користат за мачкање очи и не ги потпалат троицата нека се ебат у гз и они.

Јуве го брка Фалкао, они за Черчи се фатиле цело ебано лето се молат. :facepalm:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom