Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
шпекулации за Робен и Матри :confused:

ако со себичњак и антиталент градиме тим тешко ни се пишува
 
Ова со Матри сам-себе убијал ќе ви биде. Ем ќе земете катастрофа играч, т.е. играч кој не вреди за парите, ем ќе им дадете пари на Јувентус да си земат конечно квалитетен напаѓач и да бидат шампиони наредните 2-3 години.

Катастрофа се и Интер, и Милан оваа сезона, засега. Само Милан секогаш имал каква-таква игра, ние немаме игра. Монтоливо ви е најдобар трансфер сезонава ;)
 
А бе Бербатов е сто пати подобар трансфер од Матри.

Не ми е логичен овој трансфер, единствено да дојде на позајмица (колку глупо звучи на мак.), со договор кој не гарантира дека мора да биде купен, тоа и бара Милан... ма ни така не сакам да дојде...
 
Кој Матри бе аманте, на шо стигнавме.. 100 пати, море не 1000 пати пубо Бориело нека го купат. Ак му е до толку дојдено до пари, нека пробет со Бориело и за бес пари ќе го земет можит.. Леле на шо стигнавме ко да купвиме замена не за Ибрахимович, туку за Макси Лопез..
Aј разбирам дека не планирет да трошет огромни суми, ама Матри? Купи некој ко Дестро, и нека игрет со Ел Шарави, можит ќе ги бидит нешто..
На крај краева, не морат ни тој, од младинците нека пуштет да игрет ќе се отепам упм.
 
Кој Матри бе аманте, на шо стигнавме.. 100 пати, море не 1000 пати пубо Бориело нека го купат. Ак му е до толку дојдено до пари, нека пробет со Бориело и за бес пари ќе го земет можит.. Леле на шо стигнавме ко да купвиме замена не за Ибрахимович, туку за Макси Лопез..
Aј разбирам дека не планирет да трошет огромни суми, ама Матри? Купи некој ко Дестро, и нека игрет со Ел Шарави, можит ќе ги бидит нешто..
На крај краева, не морат ни тој, од младинците нека пуштет да игрет ќе се отепам упм.

Па со Макси Лопез барем поевтино ќе поминеа, а и Дестро го пуштија без борба.

Убаво кажа Бене, им фалат малку пари на Јуве за Кавани/Јоветиќ, па ајде Милан да ги помогне, сега има некое евро, нека го продадат нивното ѓубре на Милан, а тие нека си земат квалитетен играч.

Ако навистина е само за позајмица да разберам, но секако сум против, но да даваат повеќе од 10 милиони е глупо.
 
Изгледа дека и навивачите дигнаа раце от Милан ,зашто не протестират
Матри замена за Ибра и тоа 15 милиони
Браво Галиани од маестро за трансфери до просечен идиот
 
Галијани изјавил дека ниеден добар играч не сакал да игра во Италија.
 
Лошо ова со Матри, ИЧ ама ИЧ не ми прае ќејф... а и не само мене на никој, треба Курва Суд еден протест да напраат пред тренинг центарот, мада не веруем нешто да ќе влијае тоа многу... Голема пара се фрла за Матри ка што читам по нетов, 15 милиони, да беше 6-7 ај некако... Ако го планираат Матри место Ибра нека се утепаат поарно, а ако планираат Матри да ја попуни празнината од Макси и Пипо тогаш може да пројде само треба првин да се донесе достојна замена за Ибра па после да се попунат останатите дупки...
 
Нека се засрами Галијани како дозволи Интер да им го лапоса Габи Мундигаи пред нос !
 
Малу читајте :icon_lol:
http://www.nogometni-magazin.com/ne...i?id=EFukZpFVuFdcmnWvag&tmpl=coranto_ita_news

"Navijačima ovog kluba prodaja dvojice najboljih igrača možda se čini krajem, ali svaki kraj je ujedno i novi početak" :свиркам:
Добро све тоа, ама неможе еден Милан да биде воден од Ачерби или пак Страсер и Намади Одуамади, како што пишува во текстот.
 
- До првиот официјален натпревар не ја отварам темата, преку ку*от од толку шпекулации и тоа претежно за просечни и потпросечни играчи.
-Ако го донесат Џеко, одма купувам дрес од него.
- А ако не нареден пат Галијани кога ќе се курчи дека вечера со агент на некое мега засилување,во некој познат ресторан, да се задави.
- Со ваква трансфер политика,на добар пат сме да дојдеме на нивото на Ливерпул во Англија.
- Да ми испадне пред очи фан на Милан,и да ми рече дека има добра трансфер политика клубот,добива батине. Тоа за Ибрахимовиќ го подржувам,ама за Тиаго Силва ни најмалку,меѓу најдобрите светски дефанзивци е,а сите знаат колку тешко да се најде играч од таков калибар кој ќе биде константен,а капак на се неговата изјава дека клубот го принудил на трансфер, во што искрено верувам.
- Мое мислење за новата сезона - дупло понервозна од претходната.
- Од успешни пензионери ќе станеме неуспешни аматери.

Толку од мене,позз до сите во фанклубот,и се надевам дека за последниве 2 работи нема да бидам во право. :)
 
Коа беа пензионери у тимот викавте пензионери цел тим, мора да се подмалди ова она... ете заминаа пензионерите, останаа уште Јепес, Амбросини, Абиати и.... чичко Бонера (кога ги напрае шупелкава 31 година стварно незнам) :icon_lol: другото све се млади, ќе видимо како ќе функционира сеа милан... :icon_mrgr:

Добро све тоа, ама неможе еден Милан да биде воден од Ачерби или пак Страсер и Намади Одуамади, како што пишува во текстот.
Тоа пишуе дека во иднина може да се потпре на нив пошто уште се млади....
 
Реално да зборимо Ибра ги газеше Лече Новара и ред други скоро сите дека од такви тимови се состои Серија А. Е сега кога неиграше Ибра на некои натпревари, Милан далеку подобра игра имаше ! Многу по тимски и по организирано! Поради Ибра се играше пак ќе речем "ебената" 4-3-1-2 формација. Сега го нема, да се донесе добар шпиц кој сигурно нема да биде Матри и ќе треба да тече многу подобра тимска игра и смена на формација.
За Силва нема што да се каже више, се исповеда човекот тоа е тоа. Промаја ќе дува у одбрана али барем да ја средимо средината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom