Роналдињо е 100 % талент а 0 % залагање.
Бекам за разлика од него е роден без талент и со само тренинзи, тренинзи и тренинзи и огромна желба израсна во класа фудбалер. Затоа и има навика за заложување на секој натпревар за разлика од Дињо кој ти е класичен футсал играч и техничар но со тоа ништо не постигнува во последно време.
Роналдињо ја изгуби таа дрскост што ја имаше во ПсЖ и Барселона.

Ако тргне господ не го сопира, го има поминато цел Реал Мадрид, си го ладеше со Челзи, што сакаше правеше на теренот.
Сега преку к*р му е од играње, уште еден факт и дека во Барса испушташе голем број на тренинзи ...
Е сега кога Роналдињо е во форма не му е рамен ниту Роналдо,Кака, Меси...
Имаше сезонава неколку продори негови.
Само треба во иднина повеќе да тргнува сам а не постојано да асистира кон осамениот Пато...
За Бекам... во Манчестер растураше, и има талент ама слаб е со лева.
Незнам од каде ја најде мотивацијата и жебата за игра, можеби поради желбата да игра за Англија на претстојното Светско првенство. Најмногу се залага на теренот од сите играчи.
Со Сиена гледам голем коефициент ни ставиле во билтенов 2.1 и се чудам

Сега Анчелоти има повеќе опции во нападот со Рони, за разлика од претходните неколку натпреавари кога ѓи имаше на располагање само Пато,Инзаги и Шева како поофанзивни играчи.