Навивачите се најбитниот и најсуштинскиот дел на еден фудбалски тим. Чисто хипотетички, замислиси најдобрите светски клубови играат во ЛШ но на тренинг игралишта нормално зашто не постојат навивачите па нема потреба да се трошат пари на изградба на трибини. Каква слика добивте?
Значи навивачите се моќ, иако на сите ни изгледа дека сме безгласна буква, верувајте не е така,
навивачите менувале, менуваат и ќе менуваат раководства!!!
Нормално, навивачите од матичните земји на клубовите имаат поголемо влијание заради нивното присуство таму. Клубот сметајте го како држава, а навивачите како народ. Може една држава да постои без народ?!
... А сите знаеме што се случува со државата кога ќе и се случи "НАРОД"!!!
Но ситуацијата со Милан е далеку од таква, да не ја претеруваме сега, ова беше чисто колку да објаснам каква е важноста на навивачите во клубовите.