Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пирло е незаменлив, каков Ето какви бакрачи.
Ако случајно полудат и го пуштат ќе биде катастрофа. Пирло е мозокот на Милан.
 
Ке се заебиме до даска ако ни замине Пирло... Башка кој ке игра на негово место? Их што се не ке видеш, наместо да земат некој добар играч кој доколку Пирло се повреди ке може горе долу да го замени, овие гледаат и него да го продадат..... Гуркуф си замина (тој до некаде можеше да се вклопи во средниот ред). А и не ми е јасно што ке правиме со Пато, Пипо, Бориело, Роналдо + ако дојде еден од овие Ето, Дрогба, Адебајор, Креспо.... цел тим напад.

Сепак ова се шпекулации бе, Анчелоти нема да го даде Пирло. А стварно што се случува со Роналдо? Го продадоа, позајмија, остана, до каде е со опоравување од операцијата...... дајте некое инфо.
 
Пирло не си оди веќе изјави дека не си оди..Роналдо уште заздравува незнам дали го продале ама мислам деак уште е во Милан..
 
Овај Сколари не е саглам
ама ова нема да се случи уште многу години само кај него на сон
мислам дека Кака не е за продавање
 
Ја мислим дека Ето да дојде ќе биде боље заш ни треба нападач а не средина....за средина имаме....нека игра Кака средина и на Ето ќе му дели топки....!!! Видовте оваа сезона колку малце голови постигнаја напаѓачите од Милан..а?а?а?А нека го дадат Пирло тој не заеба гадно на мечот со Арсенал(на двата) и така продолжи 3-4 утакмици натаму!!!Поззззззз
 
Шо ти е бе??? Ова недај боже да се деси. Пирло е незаменлив во средината, од него произлегува цела игра на Милан, иако годинава не беше баш во најдобра форма, но при крајот на сезоната го видовме онај стариот Пирло. Кога игра лошо Пирло тогаш и Милан игра лошо. Многу добро се упаѓа во напад, а и одлично ги извршува дефанзивните задачи и секогаш е на место да покрие.
Најдобро кажано, Пирло не смее да си оди од Милан.
 
Ја мислим дека Ето да дојде ќе биде боље заш ни треба нападач а не средина....за средина имаме....нека игра Кака средина и на Ето ќе му дели топки....!!! Видовте оваа сезона колку малце голови постигнаја напаѓачите од Милан..а?а?а?А нека го дадат Пирло тој не заеба гадно на мечот со Арсенал(на двата) и така продолжи 3-4 утакмици натаму!!!Поззззззз

Сакаш да кажеш Кака да игра како последен везен играч? Нема шанси. Кака игра 20 ина метри пред Пирло. Во Милан нема ни од далеку играч што може да го замени Пирло. Пирло не смее да биде пуштен, исто како и Пато и Кака. За тие тројца нема цена што јас би ја прифатил.
 
И јас мислам исто! Сега има се помалку и помалку играчи као Пирло,добри плејмејкери,што знаат да даат добар пас,и да играат добро во одбрана,и коа треба да шутнат добар слободен удар,па и да даат гол.Затоа Барселона го бара Пирло,и затоа Милан треба да го задржи и да го искористи до крај.Минатава сезона сите играа полошо од досега,ама сите се големи играчи,и знам дека нареднава сезона ќе ни вратат за тоа што малку не изнервираа.И не можеме да го кривиме Пирло за против Арсенал,малце порано истата сезона Пирло и Милан станаа европски и светски клупски прваци и го зедоа Супер-купот!!!
 
Освен размената за Ето-Пирло, за Пирло понуди имаат и Челзи и Реал Мадрид. Челзи за да го добие Пирло ќе му плаќа по 7 милиони фунти од сезона. Додека се проценува цената за да се земе Пирло е околу 36 милиони евра.
Сепак мислам се е или трачеви или неостварени желби и Пирло ќе си остане во Милан.

А денес е официјализиран договорот со Замброта, тоа е четиригодишен договор, а сумата е 9 милиони евра.

И Арсеналци им одговорија на Миланези. Ако го сакаме Адебајор треба да издвоиме 45 милони евра...
 
Адебајор = 45 миљони, да не се луди. За тој играч 5 миљони не вреди да се дат.
 
Адебајор = 45 миљони, да не се луди. За тој играч 5 миљони не вреди да се дат.
те подржувам!!!Абе боље со инзаги ке играме одколку со циганот адебајор!Нека го земат Дрогба и готово:)
 
Адебајор = 45 миљони, да не се луди. За тој играч 5 миљони не вреди да се дат.

Абе какви 45 милиони,нека се занесуваат само.Па Лион за Бензема бара 40.Ајде тука нека го земат Дрогба за 18/19 и еден голман!
 
Со Пирло е грешката што толкави години не се донесе здрава конкуренција на негова позиција он не се осеќа загрозен и си дозволува излети а и да праиме озбилен муабет каква лоша полусезона даде тоа е ужас,не се смее да се даде по никоја цена само ради тоа што нема кој место него да игра и затоа влага во категорија “гледај не пипај’’ заедно со Кака,Неста,Гатузо и Пато,
Се надевам дека летово ке се процени ситуацијата со Пирло и ке се донесе некое дете што ке ржи од клупа за неговата позиција и ке знае да го искористи секое отсуство негово пошто кредитот им свети на црвено и на него и на Гетузо и Амброзини ке мора да сватат дека мора се игра а не да се позира на терен

п.с ве поздраи Заброта со ''асистенцијата'' денешна :):):kesa:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom