Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Милан играле тест натпревар и Пато и Роналдо беа противници, и двајцато го покажаа својот талент постигнувајќи погодоци.
се наближува јануари , ќе заиграат заедно :zlo:
Роналдо и Пато со шоу на тренинг
Двајцата бразилски напаѓачи на Милан, Роналдо и Пато ги собраа аплаузите на последниот тренинг на "росонерите". Европскиот клупски шампион поделен на два тима одигра контролен натпревар што заврши 2:2. По два гола за своите екипи постигнаа Пато и Роналдо, кои ги израдуваа навивачите на екипата со извонредната форма во која се наоѓаат.
Тренерот на Милан, Карло Анчелоти ќе може да смета на двајцата напаѓачи во јануари, откако Пато ќе може да настапува на официјални натпревари за Милан.
Роналдо целосно заздраве од повреда на глуждот и се очекува да се појави во дресот на "росонерите" уште на наредниот натпревар на Милан.
Еве нешто ѕверско од Пато.
Точно и секој шо ке ни се придружи во нашата игричка ќе биде добредојден:baeh:се заиграа почетникот и зависникот низ фан клубовите ...![]()
МИЛАН СО НОВ ДОГОВОРО ЗА БРАЗИЛЕЦОТ
Кака најдобар и најплатен
Не само што ќе биде прогласен за најдобар фудбалер на светот за 2007 година, туку и за најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот европски клупски шампион Милан, Рикардо Кака, ќе може да се пофали и со титулата најплатен фудбалер во целиот свет.![]()
Најпознатиот спортски весник на Апенинскиот Полуостров, "Газета дело спорт", објави информација дека бразилскиот интернационалец го прифатил новиот договор кој го обврзува на "Сан Сиро" да остане до 2012 година.
Со цел да го задржат во своите редови и дефинитивно да се ослободат од големиот притисок на Реал (М), челниците на популарните "росонери" одлучија на играчот за врска да му понудат годишна плата од 9 милион и евра, што е дури 3 милиони повеќе од претходната плата.
Новиот договор во јавноста ќе и биде презентиран веднаш откако Кака ќе ја освои "Златаната топка" на Франс фудбал.