Пак немавме среќа да постигнеме гол по многуте шанси. Премногу дефанзивно играше Торино и можеше да се очекува ваков натпревар.
Едноставно немаме воопшто среќа оваа сезона, имаше Милан и игра и шанси. Џилардино промаши 2 одлични шанси на двапати мораше да шутира со левата нога и главно затоа ги промаши. Пирло истотака имаше одлична шанса, Инзаги можеше да го реши натпреварот. Имаше и уште многу добри можности ама издржаа фудбалерите на Торино до крај.
Торино многу ретко напаѓаа и кога имаа посед на топката најчесто шутираа од голема далечина за да ен се овозможи организирање на контра напад. Имаа неколку помали шанси од контра напад но не доволно за да изненадат комплетно.
Немам друг коментар, тешко е кога противникот се брани 90 минути и не се искористат шансите. Со барем малку среќа и можеби доколку судијата досудеше пенал по бодичекот над Амброзини во пеналтикот, ќе се дојдеше до победата. Фали Роналдо, фали уште еден креативен играч во нападот.