Доста бе не се занесвај, кој го надигра Милан. Милан оваа сезона не бил надигра од никој, губи од голови од една смрдена шанса.
Сакаш да кажиш дека Рома ги надигра? Шо е за тебе надигрување, да пикниш десет души во одбрана и да чекаш на контра? Рома освен во прво полувреме контрата на Вучинич немаше никаква изгледна шанса, па ни закана кон голот. Второ полувреме до 65 минута Рома немаја топка фатено.
Не велам дека то ги оправдува резултатите, ама ко ќе ми јади некој лајна вака многу се нервирам. Рома го искористе то шо за Милан победата беше императив и чекаше од контра да изненади. Имаја среќа Милан да промаши многу изгледни шанси, шо се случи и до Емполи и со многу други пред тоа.
И престанете да ја фрлате вината на Анчелоти. Милан не беше ниту еднаш надигран во натпреварите шо ги загуби. Секогаш ги имаше шансите, ја немаше реализацијата. Како можи то да го смени тренерот? И на неколку пати веќе Милан прима гол од единствената шанса на противникот.
Прашањето не е кога Милан ќе излезе од кризата, ами кога ќе престане толку сурово да не казнува фудбалската среќа. Јас разбирам да се случи на еден натпревар, ама веќе 10 се сторија. Едноставно со ваква игра Милан заслужува да победи.