Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Роналдо беше еден од најдобрите играчи дур не пристигна во Реал после го упропастиа па го продадоа но ние ќе го обновиме и ќе биде како нов.
 
Реал да беше за фудбал поинаку ќе мислеа. Тренерот што им ја даде титулата го избркаја. И после тоа сакаш да редиш успеси. Сите играчи што одат во Реал добиваат пад на својот квалитет.
 
Реал да беше за фудбал поинаку ќе мислеа. Тренерот што им ја даде титулата го избркаја. И после тоа сакаш да редиш успеси. Сите играчи што одат во Реал добиваат пад на својот квалитет.
апсолутно си во право него што не боли нас за Реал нека си мислат они за тоа што ќе тупиме памет :)
 
Па тргни од Бекам, партал го направија, сега може само газови да лиже и тоа се само за цена на Реал. Емерсон една утакмица, една Медалја, во Реал уште 100 години ќе му требаше за втора.
 
затоа КАКА` несака да иде во Реал знае што го чека
 
Абе тој ќе си седи во тим кој што може да направи многу работи, а не во тим каде што ѕвездите пропаѓаат.
 
ТОЧНО - него остај ти тоа да видиш како играше Аброзини за ИТАЛИЈА (борбено,ѕверски) и Пирло намести еден гол.
Украина-Италија 1-2 за Украина гол даде Шевченко се гледа дека уште вреди (ама Челзи како Реал што земаа упропастиа-Шева,Балак)
а за Италија -Ди Натале даде 2 гола
 
Тоа ти е факт дека Милан не ги расипува играчите.
 
ние ги наоѓаме звездите како КАКА`, Пирло , Гатузо , итн. а не ги купуваме на готово како тоа што го прават другите клубови да не ги набројувам се знаат тие клубови кој се
п.с. Честито 100-та страна :)
 
А бе што се замарате со Реал, Челзи научно докажано е дека се расипувачи на таленти... Реал во превод значи маркетинг, кеш тоа го кажаа и Роналдо и Емерсон дека Калдерон не му боли ни најмалку за играчите ги третира како кучиња, а сеа во ист пат е и Челзи да стане Реал II... Шева вреди, само не за Милан... без него освоивме и докажавме дека сме вистински Шампиони...
Милан е како фамилија, екипа која знае како да ги третира своите играчи на вистински начин затоа и имаме далеку најдобри резултати и повеќе трофеи од било која друга екипа во последните 10 години..
header.jpg


http://ac-milan-macedonia.blogspot.com/
 
абе како Шева не е за Милан не ти текнува како играше во Милан бе ?
 
Роналдо се враќа за три недели
Напаѓачот на Милан, Роналдо кој последната недела е во фокусот на вниманието на италијанската фудбалска јавност, би требало да се врати на теренот за три недели, смета неговиот доктор од Бразил. Поранешниот најдобар светски фудбалер не тренира од 31 јули иако клупските лекари тврдеа дека неговата повреда не е од посериозен карактер и дека ќе биде подготвен за враќање на теренот на почетокот од новото првенство.
"Верувам дека за три недели Роналдо ќе биде подготвен да продолжи со тренинзите бидејќи ќе ја санираме неговата повреда", изјави Хозе Луис Рунчо за медиумите во Бразил.
Во исто време, тој ги демантираше завчерашните информации дека користел недозволени методи при своето лекување кои содржеле и допинг-супстанции за што Роналдо доби закани за суспензија од Фудбалската федерација на Италија.
"Постоеше конфузија во последно време бидејќи еден ден пред да дојде Роналдо, друг фудбалер, Макси од Фламенго користеше третман со здрава крв. Не знам зошто ваквите информации излегле во јавноста, но тврдам дека со Роналдо нема ништо спорно", додаде Рунчо.
Роналдо вчера се врати во Италија по краткото лекување во Бразил иако се шпекулираше дека би можел да остане таму до крајот на оваа недела. Веднаш по доаѓањето во Милано, тој бил повикан на средба со потпретседателот на клубот, Адриано Галијани кој му порачал дека е лут од некои негови постапки и дека нема право да ја нарушува атмосферата во соблекувалната. Причина за тоа е неодамнешната изјава на Роналдо дека клупските доктори не си ја знаат својата работа, а како резултат на грешката во дијагнозата за неговата повреда.

Емерсон побара рок од две недели
Новиот играч на Милан, Емерсон побара две недели од навивачите за да се адаптира на новата средина и да почне да ги дава игрите што од него се очекуваат. Бразилскиот играч од средниот ред дојде на Сан Сиро по разочарувачката сезона во Реал Мадрид, но се уште е во најдобра форма.
"Играв 90 минути на пријателскиот натпревар против Динамо Киев и мислам дека за две недели ќе бидам во ред. Ми се допаѓа атмосферата во Милан и со нетрпение го очекувам дуелот против Бенфика во Лигата на шампионите", изјави Емерсон.
 
Site dusmani na milan moze samo da go sonuvaat peharot od ligata na sampionite, nivnite ekipe nisto ne osvojuvaat pa tuka lecat frustracii, a ako se razbiraat malku od fudbal ke vidat deka milan igra najveke tehnicki fudbal po zemja da odi topkata.
 
од кај виде ти дека само по земја оди топката :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom