еве нова вест
Анчелоти: Го сакам Фламини во Милан Тренерот на Милан, Карло Анчелоти се надева дека неговиот клуб ќе успее да го комплетира трансферот на Метју Фламини.
Договорот на Фламини со Арсенал истекува ова лето и откако французинот одби да потпише нов договор со Топџиите, се поизвесно е дека тој ќе си замине од Емирати стадионот идната сезона. Вчера, италијанските медиуми изјавија дека Милан го победил својот ривал, Јувентус во трката за потписот на Фламини и дека дваесет и четири годишнот играч ќе пристигне на Сан Сиро на петгодишен договор со Росоњерите, вреден четири милиони евра годишно.
Засега сеуште нема официјална потврда од Клубот за овој трансфер, но Менаџерот на Милан, Карло Анчелоти призна дека посакува Фламини да пристигне на Сан Сиро.
“Доколку Фламини пристигне овде на слободен трансфер, тоа ќе биде многу добро за нашиот среден ред“ – истакна Анчелоти за телевизијата на клубот.
Анчелоти исто така го потврди напаѓачкиот ред за утрешниот натпреварот од Серија А со Ливорно, на Сан Сиро.
“Филипо Инзаги ќе биде најистурен во нападот, додека Кака и Сидорф ќе бидат позади него во нападот. Александре Пато ќе го започне натпреварот од клупата“ – потврди Анчелоти.
Милан едноставно мораат да одат на победа на овој натпревар, доколку сакаат да останат во игра за пласман во квалификациите од Лигата на шампионите, идната сезона. Моментално Милан се наоѓа на петтата позиција во Серија А и заостанува четири бода зад четвртопласираната Фиорентина.
значи тоа вчера што беше дека демек се договориле со фламини било шпекулација