Абе бегај срцето ми застана. Во последната секунда од натпреварот Адебајор какво промашување :kesa: Јас мислев дека е гол леле од умо излегов.
Иначе има многу да се пиши за натпреварот, ама ме мрзи сега да ја тупам ептен. Ќе речам само Милан дојде за да остани непоразен, ја постигна целта.
Тактички одлично изигран натпревар, не се дозволуваја многу шанси на Арсенал. Само шо имаше премногу грешки во додавањата како резултат на преголема самодоверба, од овие грешки Арсенал се закани. Два периоди од мечот беа слабо изиграни од 5 до 15 минута и од 50 до 65 негде. Во овие моменти многу дезорганизирана игра на Милан и Арсенал диктираше темпо. Во текот на преостанатиот меч Милан ја контролираше играта.
Шансите на Милан беа ретки, првата беше од корнер при што Леман рефлексно спаси, Одо ја имаше најдобрата шанса катастрофално шутираше и Џилардино имаше добар удар со глава по корнер, друго не се сеќавам.
Арсенал имаше многу повеќе шанси, барем 5-6 пати имаа отворен простор за шут, но ниту еднаш не шутираа како шо треба, буквално како по газо се маваја премногу слаби шутеви. Најголемата шанса Адебајор на крајот, уште не се знај како промаши.
Најдобри играчи на Милан според мене беа Гатузо ѕвер ги искина буквално, а и во напад не грешеше шо е за пофалба. Потоа ќе го спомнам Одо, одличен во одбрана но промашувањето на шансата која му се покажа во напад остава лош впечаток. Каладзе изигра совршено во одбраната и Неста пред да се пожали на повреда беше ѕвер.
Другите изиграја просечен меч, Пирло малку разочара неколку грешки имаше несвојствени за него, Малдини иако цел натпревар беше ѕвер напрај катастрофална грешка во последните секунди го заборави Адебајор. Амбро солидна партија доминираше во воздухот и физички пресилен за децата од Арсенал. Пато и Кака немаа многу посед, но добра техника покажаја. Сидорф само со неколку брзи додавања не го гледавме многу.
Тоа е тоа околу натпреварот. Честитки на Анчелоти, тактички перфектен меч.