Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Абе ако успејат да го оправат и да е достапен нонстоп добро нека го чуваат Марсијал, али како што гледам момчето си има сериозни проблеми и најверојатно ќе чуваме уште еден Фил Џонс.
Како прв шпиц не го гледам Марсијал, ако дојдат арспите ќе може да донесеме многу добар шпиц.
 
Марсијал ти е исто како да имаш Ферари дома, само без мотор. Онака, мој тип на кола, ама џабе кога не може да ја возам. Едностано, не може да ги занемариш фактот дека е повреден во 70% од сезоната. Вегхорст ако продолжи вака како до сега, веројатно летово би му дале договор само да биде замена на главниот напаѓач, ништо повеќе.
Јасен ми е муабетот мене со повредите, само не разбирам зошто толкав хејт, тоа ми беше мислењето.Дури и кога игра, а речиси годинава и на тие малце утакмици што ги изигра, имаше предонес скоро на секоја, дечкото пак беше хејтан. Ако Тен Хаг сака да го задржи за следна сезона, и да биде напаѓач број два да прифати, не гледам зашто навивачите да се бунат. Амбиетот на голем дел од навивачите по Твитер е дека го сакаат да биде продаден по секоја цена, а како играч за да биде втор напаѓач е сосема коректно, па дури и повеќе од тоа.
Ниту еден човек, играч не посакува да е повреден, болен,а верувам Тони најмалце сака. Нов шпиц + Марсијал и Вегхорст за следна сезона е одлична покриеност за таа позиција.
 
Хејтот, иако за мене е прејак збор, повеќе би рекол критицизам, е што не можеш да се ослониш на него. Знае да се зафлегмачи на терен, и да не му се трча. Вегхорст игра подобар пресинг од него, и е помобилен напаѓач. Што со оглед на висината што ја има вториот и годините, никогаш не би требало да се случи. Фудбалското кај него е очигледно на далеку повисоко ниво, ама не гризе, нема желба. Онака, ден дојде, ден пројде. Спореди го со еден Луиз Диаз, или Мартинез, и ке увидиш зошто го критикуваат.

Не гледам сценарио во кое, толку склон играч на повреди ке има место во овој тим, ако цели на високи дострели. Јунајтед кога мелеше пред себе ги имаше Руни, Тевез, Бербатов и Роналдо. Тоа се опции од клупа, не некој кој не може да остане здрав.
 
2035 лето господово ама ние Марсијал не го даваме:kezec:
А Санчо само на хартија е десно крило
Nemame u tim klasichno desno krilo.Antony ne go rachunam toj pravi shteta poishe koga e na teren. Kako nemame nekoe desno krilo ko Mahrez,Raphinha shto kje znae da probie da napravi vishok. Togash i Weghorst i Martial kje se pokorisni i Rashford nema da e tolku optereten levo. Ama vakva kakva shto e sega situacijata desno,gospod neka ni e na pomosh
 
Марсијал ти е исто како да имаш Ферари дома, само без мотор. Онака, мој тип на кола, ама џабе кога не може да ја возам. Едноставно, не може да ги занемариш фактот дека е повреден во 70% од сезоната. Вегхорст ако продолжи вака како до сега, веројатно летово би му дале договор само да биде замена на главниот напаѓач, ништо повеќе.
А што повеќе? Ниту за втор не е, реално. :D

Фред од синоќа е едно од најлошото издание што го имам гледано од играч на Јунајтед, катастрофа.
 
Ентони е класично десно крило само што очигледно заборавил како треба да игра. Не ми се свиѓа како играч, ама е единственото десно крило што го имаме и тоа е тоа.

Имаше едно видео од Артета каде што бара претежно од Сака и од Мартинели, да примаат топка кога се веќе во трк према голот, така се најопасни по противничката одбрана, а не свртени со грб према голот. На Ентони приемот на топка му е свртен со грб према голот 9/10 пати, и како очекуваш од него да претрча играч или да помине? Не е ова Пес или Фифа па стисни на брзо трчање и го прошол. И самиот си штети со ова, затоа што прво треба да го издржи дуелот со противничкиот бек па да врати пас, или ако не му е залепен бекот, да се сврти па да почне да дрибла и да пробува влез на веќе наместен бек во позиција и цела одбрана. Тоа троши време и енергија. Додека доколку приемот на топката му е полн трк, он може со еден потег да го измести бекот кој исто ќе биде во полн трк назад, да влезе помеѓу играчи или да ги претрча.

Тука го гледам проблемот со него.

Го најдов видеото, бидејќи е YouTube shorts не можам да го прикачам како медиа. Го имате како линк.

И тоа за пример е даден Ентони како прима топка, а како утрчува Сака.

Ako бара помош од банкари подобро нека не земат арапите од тие банкари дојдовме до овој степен.

Добро е има заитересирани.

Последно уредено:

Ako бара помош од банкари подобро нека не земат арапите од тие банкари дојдовме до овој степен.

Добро е има заитересирани.

Хаха заинтересирани...како бе ќе нема? Напрај есап колку го купија Глејзери, колку испумпаа досега и колку ќе го продадат. Кокошка со златни јајца е Јунајтед. Е сеа она што нас не ни одговара е баш од тие причини да го купи некој, поради бизнис интереси. Поарно некој фан/шеик без лимит на џебчето поради престиж.
 
На малиот му продолжиле договор се почесто го гледам во тимот наверојатно го спрема Тен хаг за следна сезона.
 
Ako бара помош од банкари подобро нека не земат арапите од тие банкари дојдовме до овој степен.
Разликата е што во овој случај би се задолжила компанијата ИНЕОС или како и да се викаше за со тие пари да се покрие долгот на клубот.
 
Разликата е што во овој случај би се задолжила компанијата ИНЕОС или како и да се викаше за со тие пари да се покрие долгот на клубот.
Разбирам али ако се замара овој кој да ги исчисти долговите не е за нас.
Автоматски споено мислење:

Го гледаш пошто све се повреди. :D
Точно али и пред повредите беше викнат да тренира со првиот тим, ваљда гледа Тен хаг играч у него.
Автоматски споено мислење:

Добри се билмезиве. :pos:
 
Последно уредено:
Дополнето: Both have also brain damage :ROFLMAO: Абе бркај баграта крвопијци и неработници бе! Едно нешто што сакам Тен Хаг да направи е да скоцка тим од квалитет и корисност. Луѓе што ќе даваат 100% од себе и на тренинг и на утакмица и надвор од терен ќе бидат пример за однесување и професионалност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom