- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.782
- Поени од реакции
- 70.561
Мислам дека Тен Хаг сакаше малце да му го испуши на Гарначо бидејќи го извади откако претхпдно го стави од клупа против Палас, па затоа он имаше посебен третман на мечов. Очигледно ги потцени малце говедава, меѓутоа малку аматерски од негова страна така да го отсече играчот кој е во најдобра форма во цела Европа после СП.
Средината ни беше буквално отворена. Неможеме со овој тим и наредните две, бидејќи се плашам колку поени ќе извадиме.
Фред мора да биде прв за отстрел на лето. Овој перформанс не беше ни за 2ка. Очаен во двата правци. Ќе кажев и бескорисен, ама тоа е комплимент за него. Можеше да не кошта и пораз денеска. Да извади некој хајлајтс од секој момент кога тој бил во акција (офанзивно и дефанзивно), не знам дали би се собрале пет добри потези се на се.
Не ми делува на таков тренер Тен Хаг. Човекот ке направи се што треба, за да победи, без да води гајле за чувствата на играчот. Мислам дека имаше преголема доверба во Гарначо.