Каков тактички шамар, не беше можно да го издржат темпото на трчање од првото полувреме, и природно беше да се повлечат. Ова и самиот Артета го кажа пост меч. Тактички го надмури кога Озил и Лаказет му беа тој екстра играч низ средина во прво полувреме, па нашиве не можеа да изнесат топка, па се дешаваше Мегваер да ја акне во аут, и грешката на Де Деа по која малтене скоро примивме гол.
Срамно е Озил да те натрча, срамно. Не ми пречи кога ке изгубат од тим кој има подобра тактика,отколку кога ке изгубат заради незалагање како во првото полувреме, затоа што тоа по којзнае кој пат, влегуваме во мечот како да сме прајм Барселона, мислејки дека противникот сам ке се победи.
Стварно не можам да поверувам дека на оваа ослабната средина, која што е таква уште од почетокот на сезоната, сега кога имаме двајца повредени, дека нема да купат барем еден играч. Ке го чекаш правилниот играч, ако сите играчи ти се здрави. Ние, МОРА да купиме барем еден средњак. За Невес, комплетно се слагам.