Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Епа ако летаме до недела, очекувам Лонгстаф да го договориме, а со остатокот ќе се натегаме за 5-10м некоја недела.

Најмногу што ме нервира и ова лето, а и низ минатите е тоа што нашиве преговарачи глумат лудило дека ќе договорат за поефтина сума и после еден период на преговори од неколку недели ќе се сложат да ја исплатат сумата која што другата страна ја побарала на почетокот. Е до тоа ниско ниво се дојдени нашите луѓе задолжени за трансфери. Последен пример е АВБ. Кристал Палас си ја доби сумата која што ја побара од старт. Нашите ја должеа цела работа со тоа што на крај пак дојдоја до позиција да ја прифатат понудата на Кристал Палас за во последен момент и на уште едно барање да им излезат во пресрет (10% за трансфер над 50м).
Доколку се реализираат договори со Меваер и Фернандес сигурен сум дека ќе ги платиме сумите кои ги бараат нивните клубови, само што би се загубило драгоцено време играчите да се од страт на припреми со Оле.
 
@ziak92 Грешка си за АВБ. Палас сакаа 60 + да се тргне процентот кај Заха. Затоа ми беше страв да не тргнат по Мение :tapp:
 
@ziak92 Грешка си за АВБ. Палас сакаа 60 + да се тргне процентот кај Заха. Затоа ми беше страв да не тргнат по Мение :tapp:
Да, и јас сретнав дека тие 25% или така нешто од трансферот на Заха биле во игра! Мение во готов тим бива, ама во ваква ситуација не баш!
 
Да, и јас сретнав дека тие 25% или така нешто од трансферот на Заха биле во игра! Мение во готов тим бива, ама во ваква ситуација не баш!
И мене ме иритира летаргичноста во договарање на играчи ама кај АВБ добро изиграа од наша страна.
 
@ziak92 Грешка си за АВБ. Палас сакаа 60 + да се тргне процентот кај Заха. Затоа ми беше страв да не тргнат по Мение :tapp:

Почнавме со 40, тие бараа 60. Потоа ние 40 со бонуси до 50, тие спуштија на 50 и процентот за Заха, за на крај 45+5 рати и бонуси + 10% од продажба над 50м. Кристал Палас си ги доби тие 50 плус варијабилот од Заха во евентуална продажба на АВБ (ајде ова сценарио под прашалник нека биде). Пак тука ми е зборот...Се натегавме за 5-10м 3 до 4 недели и на крај пак ги дадовме. Ете не беше почната предсезоната и нема тука некоја загуба, ама сега веќе почнаа припремите и ценкањето наше ќе биде пак слично со тоа што се губи периодот за припреми. Па после ќе викаме абе дојдоја овие 5 до 12 им треба време за адаптација...
 
Наводно Барса би го продале Умтити за 45 милиони. Ако е точно, далеку поисплатлива опција од Мегвајер, за скоро пола од сумата што ја бараат Лестер.
За десно крило нема никаков абер, изгледа уште една сезона ќе туркаме без класично десно крило :tapp: Тука добро би ни легнал Малколм.
 
Последно уредено:

После примерот со ДиМарија, играчи од Реал и Барса само ако доаѓаат од академија или ако се егоцентрични лидери ко Ибра или Роналдо т.е. играчи желни за успех.

На тема Малком, ако веќе се зема некој што нема акал во главата и е недисциплиниран, пре би го зел Хаким Зијех од Ајакс.Сто пати поефтин, готов продукт и плус подобар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom