Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Лош натпревар на Шо од аспект на запирање на Обамејанг, прво го заборави за голот, после и го остави да си испринта влез во шеснаесетник.
 
На Лукаку му рекле: "Головите не се најважни. Ако неможеш да шутираш - асистирај."

ОК.
Овој му асистира на Лингард.
Лингард дава гол, и не го рецка ни 2%, туку оди пред фоторепортерите да го сликаат (да прави финти, смешни фаци, и други глупости). [emoji2]
 
Одбраната е комплет за в канта.

Во глобала задоволен.
 
Интересна тактика му е оваа на Оле со двајца напаѓачи по страните кој не се врајќаат во дефанзива а бековите да ги покриваат средишните играчи. Преголем простор има така за напаѓачите, засега функционира одлично.
 
Последно уредено:
Не сакам да звучам претенциозно или навивачки, али сѐ си мислам дека денеска ќе ги згазиме, и тоа 0-3, едино Обамејанг малку ме плаши..
Ѕвер :D
 
Нека купат бе централен бек,тешко дека одбраната ке го издржи февруари имаме доста тешки,а шансите за топ4 се огромни и немаме право на многу киксови
 
Еднашка пишав, се си функционира беспрекорно само пустата ни одбрана никако да се оправи. Се надевам Оле ке остане и ке зема некоја класа штопери оти со овие тешко.
 
Да бранеше Де Геа ни гол немаше да дадат ахахаха да се нашалиме, и ние душа да пуштаме малку... Бравоо
 
Лош натпревар на Шо од аспект на запирање на Обамејанг, прво го заборави за голот, после и го остави да си испринта влез во шеснаесетник.
Се погуби во таа акција, инаку прасето имаше добра текма денеска. Само не е репер денешнава утакмица, помртов Арсенал не сум видел одамна. Се на се едно 20 минути изиграа саглам, да беше Погба подобар денеска сол ќе ги направевеме. Ама и овака не е лошо(y)
Која превара од играч е Еузел :D (ба ти коментаторот). Кога го видов дека влегува знаев дека сме ја добиле веќе;)
 
Чим Оле со овој Јунајтед кој е креација на сите менаџери пред него, а најмалку негова успева да ги мотивира и да направи целосен пресврт сезонава, се прашувам што би направил со негов Јунајтед кога би му донеле и играчи по негова мерка. Оле без разлика на крајниот исход на сезонава, успеа да внесе многу голем тимски дух кој бил препознатлив за Јунајтед, а тоа е тоа што му фалеше во пост САФ ерата. Предобро го знае Јунајтед со секоја негова ситница и успева одлично да им ја пренесе таа емоција и енергија на играчите. Можеби е прерано, но јас сум поборник Оле да добие долгогодишен договор и да се гради проект чии темели ќе биде тој. На Јунајтед му треба Јунајтед материјал, а секој надворешен кој не е соочен со тоа што значи Јунајтед не знам дали и како би им го пренел тоа на играчите. Имавме 3 неуспешни обиди во Мојс, ЛВГ и Жозе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom