Според коментариве среќа што не ја гледав.. т.е. комплетно заборавив дека играме од 13:45. Ја фатив точно од голот на гремлинот.
Од тоа што видов можам да речам дека ова ѓубре што моментално го имаме е уште поневредно од претходното. 4 на 2 контра против тим што отпаѓа од лига не знаат да изиграат

btw Ерера колку сака нека биде фанатик на УТД, типчето не е материјал за прв тим. Од клупа може да се наоѓа за некоја утакмица. Џабе ви се муабетите му требало утакмици.
Од ноември, декември (кога требаше да го избркаат пијаницата) зборам дека ќе си го одработи договорот, тоа чувство сеуште го имам

Тешки да грешам али филозофов е в газ праен и изледа ќе фатиме ЛШ со оглед на тоа дека ако победи Сити, Арсенал ќе треба да игра квалификации, а на Сити само победа му одговара. Од друга страна на Вест Хем може дебела пара да им искешираме за да ни ја продадат утакмицата со оглед на тоа што денеска изгубија, го пропуштија последниот воз.