Јас сум тој што го "критикува" Блинд, ако може така да се каже. Никако не би изедначил Блинд со Керик, НИ-КА-КО.
Керик поседува нешто што досега од Блинд го немам видено. Продорен пас нанапред. Долга топка кон напаѓач.
Ако ти текнува, Гери Невил го критикуваше за тоа што секогаш го одбира посигурниот пас, а тоа најчесто е пас лево или десно, никако нанапред. И ова беше по првиот меч со Сити.
Месеци покасно, ова е пасинг мапата на Блинд. Запази ги пасовите у final third ...
Читај, НЕМА ЕДЕН ПАС НАНАПРЕД.А гледај колку пати бил на позиција на 10-ка и имал можност за таков пас.
Идеме на дефанзивниот дел. И тука е толку далеку од Керик. А тоа што викаш дека неговиот дел поминува незабележително, тоа е затоа што неговите лоши утакмици ретко кој ги потенцира. Ја па му ја памтам секоја грешка, и кога викам дека не е за во мечеви во кои секоја грешка се казнува, го мислам тоа.
Али го сакам у тим, може да дојде до голема корист во систем на ротирање.
Еве, за што зборам.
Првиот гол против Свонси, кога лошо го процени летот на топката.
Вториот гол против Свонси. Овде едно добри 15 секунди немаше претстава дека има играч зад него.
Да не го збориме првиот дел од сезоната, кога мака мачевме да изнесеме топка, и ни играа пресинг Вест Хем, Лестер и остали смешни екипи.
Му го памтиш пасот наназад кон Де Геа со Вест Хем кога му намести 1 на 1 на Енер Валенсија, али среќа, овој ја опали у 7 ред у публика? Се воздржувам со критики кон него, заради тоа што знае од среден ред да се убаци напред, и најчесто да поентира.
Нејсе, сума сумарум, Блинд е солиден играч, али во никој случај да го узвишуваме дека е со најконстантен перформанс.
Ерера е цело ниво над него.
Би сакал да биде како Керик, али, ако сакаме нешто повеќе наредната сезона, се плашам дека ке мора да се свртиме кон друг играч, кој ке донесе резултат веднаш. Некој кој не е склон да се исклучува на моменти во мечеви, зашто, како што вика секој менаџер на тим кој влегол во ПЛ, ова не е Чемпионшип, овде се казнува секоја грешка.