Red Man
we do what we want!
- Член од
- 6 јуни 2007
- Мислења
- 2.057
- Поени од реакции
- 1.947
- Возраст
- 36
Друже оти не ме разбираш? Не сме со 3ца дефанзивци како што викаш ти... Значи имавме 5-6 повреди денеска затоа игравме со оваа постава. Кога ќе бидат Еванс, Шо, Рафаел, Валенсија, фит одбраната ќе ни биде далеку по стегната. Блекет покажа дека е доволно зрел за да пополнува кога некој ќе се повреди, а верувам исто и Мајкл Кин дека е. Значи имаме доволно дефанзивци. Проблем е што средниве играчи кога ја имаат топката во посед не знаат што со неа. Значи огромен проблем е тоа, затоа јас викам мора таму да се купува. Нормално кога срединава додава повеќе назад него напред, да има грешки и противникот да прави шанси од тоа. А ако купат дефанзивец(посебно некој извикан како Бенатиа, автоматски ќе мора еден од Џонс, Еванс, Смолинг да седи на клупа, а да не правам муабет за Блекет и за Кин кои би имале епизидни улоги да не речам само да пополнуваат квота на регистрирани играчи....) Значи Блекет има потенцијал ептен! Се гледа тоа од далеку. На дечкото му треба малце маса, за да биде права „црнчуга“ и да руши се пред себе...А ако земат некоја звезда за во одбрана, пиши му пропало ќе го гледаме по позајмици дури да го шитнат.А тоа што имаме само 3ца централни не е битно нели? Таму не треба да се купува?
За крај, не велам дека ништо не ни фали во одбрана! Им фали воигрување и тоа како, им фалеше и на Рио кога играше со Силвестре и со Хајнце, и на Вида кога дојде зимата далечната ... Одбрана се зацврстува со искуство, со разбирање меѓу себе. А според мене овие кои ги имаме се повеќе од доволно способни да за некое време формираат ѕид пред Де Геа. Арно ама затоа има стручњаци покрај ван Гал, па тие нека одлучуваат дали ќе купуваат на тие позиции или не. Мое мислење е дека треба да се купат играчи во среден ред, и тоа не било какви...туку физички цврсти, интелегентни, брзи, итн. играчи од највискока класа. А не втор Ерера, кој видовме денекса џам свитка, сакаме да признаеме или не. Се вклопи во сивилото со Флечер заедно и затоа и изгубивме.
Пак ќе речам, немора да се сложите со ова, ова е само мое мислење.