Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ццц каков играч доби Интер во името на Видиќ... Ако ништо друго бар за одбраната нема да се нервираме годинава, таму сме супер со Хуан, Рано и Видара.
Уште да не ни беше тренер Мацари се ќе беше супер.

Иначе вчера не ја гледав утакмицата ама вака по коментарите читам дека сте не надиграле али изостанала реализацијата. Моиве стандард со 8 одбранбени играчи играле, Џиги фазон, јебеш га. :D
 
Веќе од Август нека почнат некој од играчите да си ги пакуваат куферите,прво Нани и Андерсон,никаква заинтересираност немаат.[DOUBLEPOST=1406714173][/DOUBLEPOST]На википедија пишува оти Ди Мариа игра за Јунајтед :вонзем:
 
Последно уредено:
нани слабо, грешки еден куп .. цел тим не направи толку колку што нани направи за 20 минути. Инаку да Блекет годинава мора да се промовира прв тим, резерва но мора во прв тим , дечкото е предобар за да игра со младинците втора екипа.

Блекет ме импресионира со смиреноста во играта и физичката надмоќност над противниците.

Заха добро се покажа според мене. Огромна желба да се докаже имаше. Му се познаваше по реакциите коа ќе згреши нешо. Али и за секоја изгубена топка се бореше.
Али денеска шоуто го уукрдае Блекет. Која грамада од фудбалер е. Не се плаши, смирен, добар со топка.

На Шо ептен му фали крило до него, не е баш навикнат да игра сам по страната, одма се гледа дека не знае што да прави со топката...а последната акција кога му дојде Блекет на помош, баш одлично изреагира.

Кај Блекет се забележува огромен потенцијал, огромен е еј, може комотно и штопер да игра со таква градба, посебно во ваква формација.

Судијата аматер. Нани може да се поздрави. Заха е добар, ама е многу глуп. :D

И Мајкл Кин одигра добро само помалку од нападите на Интер беа концентрирани од негова страна. Блекет е тоа што му фалеше на Јунајтед и јас сум за прв тим да биде промовиран, а и заслужува бидејќи и на минатите турнеи беше супер, играше по позајмици и има искуство. Редно е да биде во првиот тим.

Оној Блекет ме потсеќа на Ледли Кинг,сигурно се сеќавате на него.
Има таква слична градба и одличен е во дуели,како столб е.Само да не го зезаат повредите како горенаведениот.

Она што ван Гал го кажуваше пред некое време на интервју за Кларенс Сидорф, колку бил добар како 16 годишник кога му дал шанса во првиот тим на Ајакс, јас можам да го видам во Тајлер Блекет. Детево импонира со сигурност, самодоверба и зрелост во играта. Мора да му дадат компетитивни натпревари сезонава. Мислам дека тој ја одбележува турнеава. Несмее да се занемари како лани што ги занемарија одличните партии на Лингард. Нека купат еден штопер и младиот Блекет и покриени сме на таа позиција.

Блекет многу ми е сличен на Мартинс Инди во секој аспект освен фацата :P, има потенциал ке го среди ЛВГ.

Btw... MOTM за мене е Fletcher (y)
Гледам многу од вас им се допадна играта на Блекет и јас се согласувам со тоа но неговиот прогрес од последната турнеја на која беше, а тоа беше пред две години не е голем. Замина на неколку позајмици каде играше како лев бек и се случуваше по негови грешки да примат голманите погодоци. На последната позајмица на која беше во Бирмингем минатата сезона играше лев бек и имаше меч ако не се лажам кога беше заменет и во првото полувреме или на полувремето поради лоша игра. Потоа имаше и посебен третман од менаџерот поради недолично однесување. Јас верувам дека и самиот тој се зачудил што се нашол на авионот за САД ама ја користи шансата, иако е лев бек мислам дека перфектна позиција за него левата стоперска во оваа формација со тројца играчи назад, на сите останати не би го добиле овој играч зошто за лев бек е премногу голем. Ќе биде интересно да се види што ќе одлучи ЛвГ со него и како ќе продолжи Тајлер. Мајкл Кин игра многу зрело многу ме потсетува на Еванс, смирена игра и не прави грешки а тоа дека Блекет е грамада што не ја рушат точно е. :)

Одлично издание на Црвените Ѓаволи и победа над Интер за чекор поблиску до финалето

Мене ме изненадува Јанг на овие три меча, потсетува на играта од првата сезона, вчера беше одличен на двете бековски позиции иако никогаш не играл таму.
 
Јанг ли го шутираше првиот пенал?
 
Transfer News: Manchester United boss Louis van Gaal looking to sign a defender
Ќе купиме еден стопер сигурно само само немам идеа кој зошто Арсенал мислам дека нема да сака да ни го продаде Вермален(искрено ни би ни сакал да дојде), а Хумелс најверојатно и оваа сезона ќе остане во Борусија Дортмунд.
 
Битно левучар ќе е, Де Вриј на моја жалост со десна игра (n)


Изглеа Ван Гал во Ешли Јанг си го пронајде Дирк Кајт :notworthy: ама барем дечкото се залага на турнејава за разлика од Нани.
 
Добар е Јанг стварно. Ќе послужи.

Немам идеа кој стопер би можело да се доведе
Ниту пак новинарите имаат. Ќе биде интересно :D

Друго ме интересира, што ќе прави со Јанузај. 10тката му е позиција која му одговара со формацијава а и самиот си вели дека таа му е омилена и таму најдобро играл. А го има Мата пред него. Ќе биде интересно и тоа.
 
Битно левучар ќе е, Де Вриј на моја жалост со десна игра (n)


Изглеа Ван Гал во Ешли Јанг си го пронајде Дирк Кајт :notworthy: ама барем дечкото се залага на турнејава за разлика од Нани.
Ке кубе коси во 85мин ,2:1 губиме, а јанг тера ко патарушка по терен и паѓа ко притисок на пензионер.
 
Ке кубе коси во 85мин ,2:1 губиме, а јанг тера ко патарушка по терен и паѓа ко притисок на пензионер.
Кај тренери како САФ, Хитлеров и остали тоа е недозволиво, мислам дека нема ни да се доведе до таква ситуација или ќе лета после 5 натпревари, без разлика дали сме септември или јануари :D
 
На Јанг му требало само цврста рака...не си нашол мотивација во Мојс (како и повеќето)...

Ќе биде добар наредна сезона. Нани нека се пакува.
 
Кај тренери како САФ, Хитлеров и остали тоа е недозволиво, мислам дека нема ни да се доведе до таква ситуација или ќе лета после 5 натпревари, без разлика дали сме септември или јануари :D
Да де, сѐ ова ке биде приватно средено, нема да има емоции јавно, но во него ќе врие охридскиот вулкан.
 
Битно левучар ќе е, Де Вриј на моја жалост со десна игра (n)


Изглеа Ван Гал во Ешли Јанг си го пронајде Дирк Кајт :notworthy: ама барем дечкото се залага на турнејава за разлика од Нани.
Па тогаш нека го земат овој французионот Лапорте од Биабао само што ќе мора да се плати откупната клаузиува за него која изнесува 32 милиони фунти ама па дечкото е топ талент еден од најталентираните млади дефанзивци во светот.
 
Колку сте се напалиле на плав дрес. Си знаете длабоко во себе која е бојата, ама ај :)
Манчестер носи плави дресови уште пред Челзи да постои. Сте ни ја собрале бојата :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom